Појадокот е најважен оброк во денот и затоа треба да му посветиме малку повеќе внимание. Ако по утрото денот се познава, тогаш да го започнеме здраво.
Ако сакате да сте сигурни дека појадокот ви е полн погодок вклучете ги следниве намирници.
Леб, лосос и авокадо
Хранлив појадок содржи јаглехидрати од цело зрно. Тоа подразбира интегрален леб, најчесто ржан, којшто во комбинација со лосос е одличен избор. Додаваме пире од авокадо и свежо цеден сок од портокал и сме ги внеле потребните состојки за енергија, како витамин Ц, влакна и здрави масти.
Леб, јајца, домати и бадеми
Кајгана подготвена на маслиново масло, Васа леб, познат по своите нутритивни состојки, шери домати, коишто се одличен извор на влакна и неколку бадеми, што ни ги даваат здравите масти. Одлична комбинација за убав ден.
Оризови галети, пченка и хумус
Неколку оризови галети, или ако преферирате може и пченка, во комбинација со хумус, маслиново масло и овошје по избор. Уште еден добро избалансиран појадок за енергичен старт.
Леб, сирење, путер од кикиритки
Лебот од цело зрно секогаш е добра опција, којшто не снабдува со потребните јаглехидрати. Може да го комбинирате и со меко сирење со ниска масленост од типот на рикота или урда, чист путер од кикиритки и парчиња банана.
Фото: Pinterest