Храна што треба да ја одбегнувате кога времето е многу топло

27 јули 2023

Високите температури не му влијаат благотворно на телото и секој се труди на свој начин да ги преживее 40+ степени. Често посегнуваме по течности и храна што хидрира со цел да ја изгаснеме жедта, односно да спречиме дехидрирање на организмот.

Знаеме дека водата е секогаш број еден во борба против горештината, но дали знаете што треба да се одбегнува кога е времето е многу жешко?

Одоговорот во продолжение.

Кафе и чај

Иако звучи малку веројатно, кафето и чајот треба да се одбегнуваат кога температурите се високи. Тие се диуретици, а летно време честото мокрење придонесува за поголема загуба на течност, што пак доведува до дехидрирање.

Црно чоколадо

Црното чоколадо е појако од млечното. Доколку изедете поголема количина кого времето е многу топло, срцето ќе почне забрзано да чука што пак може да доведе до чувство на нервоза и губење на вода од телото.

Пиперки, кромид, лук

Одреден зеленчук, како кромид, лук, пиперки се исто така природни диуретици благодарение на нивните аминокиселини. Иако се здрави за конзумирање генерално, се советува да не се претерува со нив во летната сезона.

Манго

Мангото можеби изгледа како совршен летен десерт, но слично како и претходните намирници, не смеете да претерате со негово јадење кога надвор е многу топло.

Месо

Месото е многу богато со протеини, што значи на организмот му треба повеќе време и енергија за да го обработи. Телото тогаш губи вода што може да доведе до дехидрирање ако не се конзумира во поголеми количини.

Сладолед

Иако мислиме дека сладоледот нè лади, тој всушност ја крева температурата во нашето тело. Сите слични намирници кои се прилично ладни и богати со шеќер доколку се конзумираат повеќе отколку што треба можат само да му наштетат на организмот.

Фото:Pinterest

Објавено:
27 јули 2023
Категорија: 
Здравје
Прочитано:
924 пати