Како да уживате во празничната трпеза и да останете фит во исто време

29 декември 2022

За време на празниците е прилично тешко да се оддолее на богатите трпези и сета таа храна што просто не мами да ја пробаме.

Во ред е да се проба, но не е во ред ако се претера. Сигурно не би сакале да застанете на вагата и непријатно да се изненадите.

За тоа да не биде така, споделуваме неколку совети како да останете фит, а истовремено да го задоволите празничниот апетит.

Бидете активни

Не практикувајте седење на кауч подолго време. Да, време е на празници и одмор, но потрудете се барем половина час да биде активни во текот на денот. Мала прошетка со семејството ќе биде сосема доволна.

Здрави ужинки

Практикувајте да јадете кога навистина ви се јаде, а не зошто има нешто вкусно на масата. Кога треба да земете ужинка, тоа нека биде овошје, јаткасти пладови, здрави семиња, односно храна што не содржи додадени шеќери и нездрави масти.


Мали порции

Употребувајте помали чинии и гледајте и порциите да бидат помали. Честопати се случува да изедеме сè што имало во чинијата, само затоа што се нашло таму.

Намалете го стресот

Кога сме под стрес, умееме почесто да посегнеме по храна и тоа по онаа нездравата. За време на празниците сме опколени со секакви јадења, па е тешко да се оддолее. Затоа применете ги техниките за намалување на стресот со што би се намалила и желбата за храна.Тука спаѓа јогата, медитацијата и длабокото дишење.

Балансиран оброк со протеини

Протеините ќе ве заситат, а нема да имаат големо влијание врз тежината. Доволни се околу 25–30 грама протеини дневно за балансиран оброк. Протеините може да ги најдете во месото, рибата, во боранијата, леќата, грашокот и слично.

Помалку шеќер

За да избегнете внес на поголемо количество шеќер, одберете го само вашето омилено благо и заборавете на другите слатки задоволства.Така ќе знаете дека не сте го пропуштиле десертот, и не сте претерале во исто време.

Фото: Pinterest

Објавено:
29 декември 2022
Категорија: 
Здравје
Прочитано:
632 пати