Најдобро време за земање витамини

30 април 2024

На сите ни е познато дека балансиран начин на исхрана е најдобар начин за да му обезбедиме на организмот да ги добие сите потребни нутриенти на дневно ниво за нормално функционирање. Но исто така знаеме и дека со овој брз начин на живеење, некогаш самата храна не е доволна, па затоа мора да внесуваме и витамини одобрени од експерти на ова поле, за ефективно да го суплементираме нашиот организам. Ако планирате да почнете да внесувате витамини во своето секојдневие, ќе ви проследиме некои совети кои експертите ги имаат за вас, вклучувајќи го и времето во кое треба да се внесуваат во текот на денот.

Нутриционистот Суман Агарвал вели дека земањето мултивитамин може да биде добро на било која возраст. "Сите луѓе чиишто потреби за внес на витамини и минерали не го достигнуваат потребното ниво преку регуларната исхрана, треба да го посетат својот доктор за да се советуваат и да започнат со земање мултивитамини на дневно ниво." – вели таа.
Доктор Вишаха Шивдасани потенцира дека различни витамини се клуч во различни периоди од животот. "На пример, на бремените жени им се потребни фолна киселина и железо; на жените им е потребно железо за време на месечниот менструален циклус; вегетаријанците најчесто имаат дефицит на витамин Б12; на постарите луѓе најчесто им треба калциум; поголем дел од популацијата има потреба од витамин Д постојано; итн.
Агарвал вели дека мултивитаминот што би го земале, треба да ги содржи сите Б-комплекс витамини, за да ги поткрепи нутриентите што се вообичаено исцрпени како резултат на нашиот модерен и брз животен стил. Таа исто така ја истакнува важноста на земањето минерали како цинк, селен, железо и калциум, заедно со витамини како А, Д, и Е.

Што се однесува до времето на земање на витамините, советите се следни:
- Витамин Ц – после појадок
- Омега 3 – после ручек (земањето на Омега 3 со храна може да ја подобри неговата апсорпција и да се спречат несакани ефекти)
- Железо – најдобро се апсорбира на празен стомак, така што најдобро е да се зема 1 час пред оброк или барем 2 часа после оброк
- Б-комплекс – битно е да се земе во првата половина од денот, затоа што кај некои луѓе, според доктор Шивдасани, може да влијае на будноста и да има несакан ефект проследен со несоница ако се зема навечер
- Калциум – најдобро се апсорбира со храна, поточно со храна која содржи витамин Д
- Магнезиум – најдобро е да се зема 15 минути пред спиење за релаксација и мирен сон

Во врска со комбинациите на витамини, докажано е дека витамин Ц и железо совршено функционираат заедно, односно кога со витаминот Ц се зема железо, железото му ја зголемува апсорпцијата. А според доктор Шивдасани, ако калциумот, магнезиумот, витаминот Д и К2 се земаат истовремено, ќе влијаат на здравјето на коските. Од оние витамини и минерали, пак, што не треба да се земаат истовремено, цинкот и бакарот, иако се доста значајни, истовременото земање не е препорачано. Ако се земаат високи дози на цинк, тоа може да попречи при апсорпцијата на бакарот. Доктор Шивдасани објаснува дека е најдобро да се земаат во различни денови од денот, пример цинкот наутро, а бакарот попладне или во вечерните часови. Ист е случајот и со комбинацијата на калциумот кој може да пречи на апсорпцијата на железото и затоа е најдобро да се земаат во различен дел од денот.

Фото:Getty Images

Објавено:
30 април 2024
Категорија: 
Здравје
Тагови: 
витамини
Извор: 
Vogue.com