Хауард Такер има 101 година и е најстариот доктор во светот според Гинис. И покрај длабоката старост тој е сè уште активен и подготвен да даде совет.
Такер, кој што е по потекло од Кливленд, Охајо, има специјализирано неврологија.
Пациентите многу често го прашуваат која е тајната на неговата долговечност, како да бидат здрави, среќни и душевно исполенти. Тој вели дека добрите гени си го прават своето, а понекогаш помага и среќата.
Сепак Такер има пет животни правила според кои се води.
Не се пензионирам
Хауард веќе 75 години работи како доктор и вели дека ако го работиш тоа што го сакаш, не престанувај или одложувај го пензионирањето. Исполнетоста од работата си го прави своето.
Не дозволувам да излезам од форма
Пливање, трчање, пешачење, и скијање се спортовите што Хауард ги практикувал речиси до 90 години и вели дека токму тоа му овозможило долг живот. Тој тврди и дека 15 минутна прошетка надвор го намалува ризикот за прерана смрт.
Не пушам
Кога сакал да почне да пуши како млад, му кажал на татко му. Неговите зборови биле пресудни Хауард да се откаже од лошата навика уште пред да почне.
Пробувам речиси сè
Пијам мартини и јадам месо, но не секој ден. Јадам и зелена салата исто така. Нема тајни за долговечност, но факт е дека живееме секој ден, а умираме еднаш, затоа треба да го искористиме времето што го имаме.
Не дозволувам моето знаење да биде попусто
Навистина уживам кога ги учам моите стажанти и студенти, и јас учам од нив. Се подготвувам и за документарецот посветен на мојот живот. Задоволство ми е споделувам приказни од мојата долга кариера на идните генерации.
Фото: Youtube