Честопати сме во потрага по храна која што ќе не засити, но нема да влијае на нашата линија.
Иако е тешко да се оддолее на калорични оброци, треба да внимаваме што и колку внесуваме во организмот, ако сакаме здравјето да не служи.
За среќа постојат намирници што можеме да ги конзумираме без грижа на совест.
Јогурт+ чиа
Многу малку шеќер, а голема доза на нутритивна вредност. Одличен оброк за старт на денот.
Мисиркино месо
Неколку тенки парчиња мисиркино месо ќе ви ја даде потребната доза на протеин и ќе ве направи сити.
Сирење/кашкавал + крекери од полно зрно
Едно парче сирење или кашкавал во комбинација со крекери од полно зрно е супер храна што ќе ве засити и ќе ви даде енергија.
Варени јајца
Јајцата се извор на многу хранливи материи, а тоа особено важи за жолчката. Вареното јајце можете да го комбинирате со крекери, зеленчук или овошје.
Кикиритки
Една шака кикиритки имаат проеини исто колку и едно јајце и се одличен извор на влакна, витамин B6, фосфор и тиамин.
Јаболка
Знаеме дека јаболкото е едно од најздравите и најхранливите овошки, па затоа спаѓа во оваа листа. Го регулира апетитот и помага при варењето.
Фото: Pinterest