Насловна
  • Мода
  • Стил
  • Убавина
  • Здравје
  • Бела соба
  • Интервјуа
  • Култура
  • Архитектура
  • Галерии
Share Pin Tweet E-mail

Лепа Брена прославува 35 години кариера со концертот во Скопје

Во организација на Прагма продукција, една од најпопуларните пејачки на Балканот, Лепа Брена на 15 декември ќе одржи спектакуларен концерт во VIP арената Борис Трајковски.

Таа го најави големото шоу на прес конференција во Скопје и ја повика македонската публика заедно со неа да прослават 35 години успешна кариера.

„Со овој албум „Zar je vazno dal se peva ili pjeva“ тргнавме од Лондон, па направивме два спектакуларни концерти во Белград, па сега на ред е концертот во Скопје. Без разлика каде сме, јас секогаш сакам да направам добар концерт за мојата публикаи и да го приредам најдоброто“, изјави пејачката на прес конференцијата.

На концертот во Скопје таа ќе пее на фамозниот микрофон што го доби на подарок од нејзиниот сопруг Боба Живојиновиќ, а кој досега го имаат само осум светски ѕвезди меѓу кои и Адел, Бијонсе и Тејлор Свифт, а Брена е деветата.

„„За прв пат го видов овој микрофон на концертот на Адел која морам да кажам дека звучеше фантастично. За мене тоа беше нешто како кога мажите ќе видат добар автомобил. Засега сум единствена на Балканот која го поседува овој микрофон и сметам дека со него можам на публиката да и пренесам една посебна емоција, она што јас вистински го чувствувам во душата“, изјави балканската ѕвезда на прес конференцијата.

Концертот на мега ѕвездата Лепа Брена започнува во 21 часот, а доколку сѐ уште не сте набавиле карти, имате уште неколку дена за тоа.

10 декември 2018

Други галерии

Кога сè ќе помине, сите а...

Што облекоа гостите за кр...

Семејниот албум на Обама

(Фото) Ана Винтур – прват...

20 комбинезони идеални за...

Ciao Bella – разгледница...