Ѕирнете во надреалистичната куќа на Салвадор Дали

24 јануари 2023

Еден од најмаркантните уметници на минатиот век Салвадор Дали, секогаш предизвикувал внимание. Предводникот на надреализмот велеше дека всушност тој е надреализам и не следи никого, освен сопствената генијалност.

И покрај тоа што јавноста беше и се уште е фасцинирана од неговите уметнички дела, Дали многу добро успеваше да шокира и со начинот на кој што го живееше животот.

Еден пример за тоа е и неговата куќа во Порт Лигат, Шпанија. Денес домот на Дали функционира како музеј, каде посетителите можат да го видат студиото на уметникот, неговата библиотека, градините и за момент да бидат дел од малото парче рај на Салвадор.

За време на неговото детство шпанецот честопати го посетувал овој приморски град во областа Коста Брава и се поврзал емотивно со него. Бил фасциниран од природната убавина и пејзажот, светлина и изолираноста на местото. Така во 1930 го пронашол својот спокој во Порт Лигат токму таму решил да изгради куќа.

Тоа ќе биде негово престојувалиште се до 1982 година кога останува без својата љубов Гала.

Различните соби во куќата се поврзани меѓусебе со тесни ходници и асиметрични коридори создавајќи необични промени на нивоата.

Внатрешноста на секоја соба е збогатена со многу различни предмети и лични работи на Дали. Она што ги прави луѓето тука да се чувствуаат добродојдени се посебната топлина на килимите, сушени светови, кадифени таписерии, антички мебел и слично.

Се разбира тука се и надреалистичните декорации без кои домот на Дали не би бил тоа што е. Некои од нив се навистина впечатливи, но има и такви кои суптилно го нагласуваат духот на Салвадор во просторот.

Огромна скулптура на човечко уво, колекција на портери каде Дали позира со своите препознатливи мустаќи, Мона Лиза (со мустаќи), препарирано јагне, детско столче, скулптура од огромни усни и така натаму.

 

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Kanso Studio (@kanso_studio)

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by C.M.D (@cmd.architecture)

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Israel (@zabala79)

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Gersende Inde (@gersendeinde)

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Cyrielle Mar (@cyrlmlr)

Фото: Pinterest, Instagram

Објавено:
24 јануари 2023
Категорија: 
Архитектура
Прочитано:
374 пати