И ова лето носиме кафтан на плажа

9 август 2024

Ако сакате да бидете забележани на плажа - носете кафтан.

Секако костимот за капење е задолжителното парче облека, а кога ќе се искомбинира со убав кафтан го имате вистинскиот моден погодок.

Доколку не сте знаеле кафтаните за прв пат се носеле во Персија, а биле дел и од облеката на султаните.

Низ вековите намената се менувала, па така денес кафтанот е елегантно парче кое дамите со задоволство го носат на плажа.

Најчесто е направен од транспарентни материјали, лесен е за носење и затоа можеме да го поминеме и целиот ден во него кога сме на одмор.

Со кафтанот одлично се сложуваат рамни сандали, еспадрили, апостолки, а со шеширот се речиси неразделни.

Ги има во монохроматски изданија, а тука се и шарените комбинации, како и оние со вез.

Затоа и ова лето носиме кафтан на плажа...

Објавено:
9 август 2024
Категорија: 
Тренд