•
20 август 2014
Кафтанот е бохо парче облека, кое речиси и да нема жена што не го сака. Може да се носи како туника,а на одмор во него ќе изгледате секси. Гламурозни по својата изработка нудат автентичност на вашиот изглед, а идеални се за дневен стајлинг во комбинација со костимот за капење и секако шеширите кои се задолжителен моден додаток за оваа сезона.
Кафтанот е парче чии корени потекнуваат од Персија. Ги носеле и султаните, а денес претставува елегантно-софистицирана облека која многу познати дами ја практикуваат од сопствениот стил. Но, не само денес.
Во продолжение ќе ви презентираме дел од најгламурозните сценски кафтани во модната историја, избор направен според магазинот Elle.
Објавено:
20 август 2014Категорија:
Тренд