Оваа работна недела ја стартуваме со опуштено издание. Нашиот предлог е крем панталони со дезен во бохо стил коишто ќе ги споиме со асиметрична беж маичка.

Стајлингот го прилагодуваме на високите температури, па затоа одбираме сандали со ремчиња и ниска платформа во златна нијанса.

Финишираме со сламена чанта и ви посакуваме убав понеделник.

Фото: Pinterest

Објавено:
12 август 2024
Категорија: 
Стајлинг на денот