Есенска магија во домот со украсни тиквички

19 октомври 2023

Украсните тиквички и деталите во форма на овој есенски плод можат да направат вистинска есенска магија во домот.

Потребни ви се само неколку тиквички, по можност во различна боја, за да внесат една топла нота во ентериерот и да го направат уште поубав.

Ги има во различна форма и големина, а освен украсните тиквички на пазарот можат да се најдат и перничиња, вазни и разни други елементи во форма на тиква што еднакво убаво ќе се вклопат во есенскиот дизајн.

Наидовме на неколку прекрасни идеи за тоа како да ги вметнете овие украси во дневната, спалната, трпезаријата или на било кое место што вам ви се чини соодветно.

Ваше е само да се инспирирате и да одберете.

Фото: Pinterest

Објавено:
19 октомври 2023
Категорија: 
Архитектура