Futura приказната продолжува...ELENA LUKA HOME повторно Ве носи на едно незаборавно патување. Подгответе се за Futura 2 -динамичност, комфор и естетика, сето тоа совршено спакувано во седум ката и поткровје.
На одлична локација во Кисела Вода на булевар Борис Трајковски број 25, новиот објект е продолжение на веќе познатиот и успешен проект Futura.
Futura 2 вклучува 135 станбени единици чиишто квадратури се движат од 34м2 до 86м2, односно од еднособни до четирисобни станови.
Освен тоа располага и со деловен простор од 939м2 со ексклузивен дизајн наменет за комерцијално-деловни содржини, коишто можат да се поделат согласно потребите.
Неговата уникатна фасада придонесува објектот да отскокнува од своето опкружување и да претставува своевиден белег на овој дел од градот.
Добро организираните станбени единици коишто изобилувааат со природна светлина се карактеризираат со висок степен на опременост и со естески избалансирани материјали и елементи кои се одлична подлога и коишто ќе поддржуваат различни стилови на ентериерно уредување.
Становите одговараат на сите традиционални потреби на едно семејство, но и на современиот и модерен човек кој е подготвен да зачекори кон својата иднина.
ФУТУРА 2 наизменично се менува по нивоата во четири карактеристични ката, со што имаме динамичност во секој кат, во секој стан, во секоја соба.
Двата објекти, Futura и Futura 2 заедно ќе претставуваат станбено-деловен комплекс организиран како една просторно-функционална естетска целина.
Иднината повторно повикува... Дом каков што отсекогаш сте посакувале, создаден да ги задоволи сите ваши потреби, дом на една веќе докажана успешна приказна што сакаме да ја живееме.