Имаме супер идеи за поинакви празнични елки

12 декември 2022

Новогодишната елка е симболот на празничниот декор во сечиј дом. Празничното дрвце го дава главниот акцент во домашната новогодишна идила и токму затоа сите му посветуваме особено внимание на неговиот декор.

Ако порано традиционалната зелена елка речиси без исклучок беше сечиј избор, последниве неколку години, особено под налет на трендовите што ги диктираат социјалните мрежи, се почесто во празничното украсување се користат алтернативни модели елки, кои можат да бидат со различна естетика и изработени од различни материјали.

Доколку оваа празнична сезона, сакате малку да експериментирате и празничниот декор да го збогатите со поинаква елка, ние дополнително ќе ве мотивираме со неколку интересни идеи.

Наместо елка, може да искористите дрвено гранче или поголема гранка кои ќе го поставите во вазна или во саксија и ќе ги наредите со лампиони.

Или пак да се послужите со скандинавска естетика и да декорирате дрвена елка, направена од гранчиња или дрвени летви.

Ефективно, а едноставно решение е да ги поставите на ѕид сијаличките во форма на елка или пак да направите метална конструкција во форма на елка, што фантастично би се вклопила во ентериер уреден во индустриски стил.

Уште многу креативни идеи следуваат во фото галеријата во продолжение.

Фото: Пинтерест

Објавено:
12 декември 2022
Категорија: 
Архитектура
Прочитано:
2.773 пати