Инстаграм ентериери: Хармонија во неутрални тонови во 55m2

17 октомври 2022

Во Пула, Хрватска се наоѓа еден хармоничен семеен дом сместен во 55m2.

Смирениот амбиент, неутралните тонови и комбинацијата на природни материјали, ја создаваат неговата идеална целина, што ни го привлече вниманието на Инстаграм.

Зад профилот @ines_homedeco е всушност Инес Силјан, медицинска сестра, фотограф и мајка на две деца која е вљубеничка во уредувањето на ентериери.

И токму таа нејзина страст кон декорирањето на домот е видлива на фотографиите кои ги објвува на својот Инстаграм профил и за кратко време стана популарна меѓу оние кои ја споделуваат нејзината пасија кон уредувањето.

Овој дом зрачи со топлина и фина естетика, а тоа што сѐ функционира во мала квадратура укажува како со добра организација и осмислен план, може одлично да го искористите просторот.

Суптилно е искористена инспирација од рустичната естетика, но доминира скандинавскиот минимализам со избор на едноставен мебел во минималистички линии и ненаметливи бои.

Големо внимание е посветено и на деталите, кои всушност му даваат автентичен дух и карактер на овој семеен дом.

Фото: @ines_homedeco

Објавено:
17 октомври 2022
Категорија: 
Архитектура
Прочитано:
2.966 пати