Медитеранскиот рај во домот на писателката Марија Костадиновска

14 март 2023

Дома е кога си свој на своето. А местото станува дом првиот момент кога почнува да ги одразува вашите чуства, особини, карактер и светогледи. Кога почнува да мириса на хармонија и љубов и кога секое ќоше е себепрепознавање.

Една таква убава приказна за ДОМА ни раскажува младата писателка на книги за деца, Марија Костадиновска, која во нејзиниот дом во современиот станбен објект Connect 5 во Скопје, на ELENA LUKA HOME создала вистински медитерански рај и тоа воопшто не е случајно, туку е одраз на нејзиниот животен стил.

Простран со одличен и функционален распоред на просториите и исполнет со природна светлина, овој стан и од естетски и од практичен аспект, е одговор на сите потреби за совршен дом за еден млад човек со динамичен живот.

Марија Костадиновска

Со оглед на тоа дека Марија и како професионален едриличар и како главна, организатор стјуардеса на приватни и чартер супер јахти, голем дел од своите професионални ангажмани ги поминува на Медитеранот, очигледно е неговото влијание во уредувањето на ентериерот на нејзиниот дом.

Смирувачка и хармонична атмосфера, во претежно светли тонови во комбинација на бела, сина, нијанси на сребро и акценти со дрвени детали – ја пренесуваат слободата на медитеранската широчина во нејзиниот дом во Скопје.

Имала прилика да живее и во Џенова, Барселона и Мајами – односно на места карактеристични и по тоа што се покрај вода, па сето тоа потсвесно имало удел во дефинирањето на естетиката при уредувањето на нејзиниот дом.

Белата боја му дава слобода на просторот, дрвените детали топлина, додека сребрените декорации – модернистички шмек.

Уметничките слики на ѕидовите и фотографиите со убави спомени во рамките на полиците, ја носат таа дополнителна нишка на чувство на дома, потенцирајќи колку е важна улогата на деталите во персонализирање на просторот.

Задоволна и среќна во својот дом, Марија најави дека ја продолжува соработката со ELENA LUKA HOME и во нивниот нов објект во изградба, Connect 5 + кој се надоврзува на приказната на Connect 5.

Неодамна, писателката која публиката ја препознава по хит книгите за деца "Вистинска приказна за двете соседни кралства" и "Волшебните прегратки", го прослави својот 33-ти роденден – дома и во друштво на семејството и пријателите, за кои вели дека и се најголемата поддршка во животот.

Ѕирнете во медитеранскиот рај во домот на Марија.

 

Објавено:
14 март 2023
Категорија: 
Архитектура
Прочитано:
2.361 пати