Приватен авион претворен во луксузна вила

7 февруари 2024

Летото е уште далеку, но желбата за патување е секогаш тука. Овој пат накратко ве водиме во Бали, Индонезија, поточно во едно необично одморалиште.

На Airbnb пред некое време, како опција за изнајмување, се најде приватен авион претворен во луксузна вила.

Бали е една од егзотичните дестинации кои секоја година мамат посетители, а ова необично сместување со својот неверојатен поглед, никој нема да остави рамнодушен.

Ентериерот на Боингот 737 е претворен во вила на крајот на 2023-та, а зад целиот концепт стои претприемачот Феликс Демин.

Авионот се наоѓа на 150 метри надморска височина, а до него се доаѓа само со приватен хелокоптер.

Се состои од два апартмани од прва класа и може да смести најмногу четворица. Просторот е поделен на дневна, два спални соби, бања, кујна и прекрасен двор.

Еве како сето тоа изгледа.

Фото: Airbnb

Објавено:
7 февруари 2024
Категорија: 
Архитектура