Куќа стара 250 години, која што е лоцирана во Риџент Парк, Лондон се продава за неверојатни 250 милиони фунти.
Ова е досега највисока цена побарана за куќа, а ја продава сопственикот, саудискиот принц Мухамед бин Салман Ал Сауд.
Зданието, кое што вклучува 40 соби, се нарекува Холм, а е изградено во1818 година од агентот за недвижнини Џејмс Бартон.
Имотот првично бил во сопственост на неговото семејство пред да биде користен од колеџот Бедфорд. Во 80-те куќата повторно станала приватна сопственост.
Холм со својата продажна цена го симна од тронот пентахусот во Њујорк, кој што се продава за 250 милиони долари.
Куќата исто така вклучува и осум гаражи, тениско игралиште, сауна, библиотека и огромна трпезарија, а се протега на површина од 29.000 метри квадратни.
Имотот веќе привлекува голем интерес, но листата на оние што можат да го купат е мала.
Фото: Instagram, Pinterest