Легедарниот супермодел Клаудија Шифер ги отвори вратите од својот луксузен дом во Англија за магазинот Vogue.
Куќата е опкружена со прекрасна природна и животни, а како што и самата Клаудија вели тука се чувствува опуштено и релаксирано далеку од градската врева.
Шифер или за многумина модерната верзија на Брижит Бардо, од срамежливо девојче успеа да се најде на преку 1.000 насловни страни.
Пред точно 22 години Шифер стапи во брак со англискиот продуцент Метју Вон, за подоцна да станат родители на три деца – Гаспард, Клеми и Косима.
Она што преовладува во пространиот дом на Клаудија се земјени бои, изобилие на светлина, модерна кујна, цвеќиња, како и многу елементи од скандинавскиот декор.
Во подрумските простории се наоѓа киното, како и голем број на фотографии од супермоделот во нејзината канцеларија.
Во видеото што беше снимено за оваа прилика таа на крајот го покажува и нејзниот венчелен фустан од Валентино кој денес е претворен во уметничка слика.