Дали сте за дамски ракавици на венчавката?
•
16 мај 2013
-Ракавиците мора да бидат иста боја како и венчаницата
-Најдобро се вклопуваат со венчаница која нема ракави.
-Доколку носите ракавици над зглобовите тогаш би било идеално да се врзуваат.
-За формална венчавка и долга венчаница, соодветни се сатенските ракавици со должина над лактот.
-Ракавиците сепак треба да бидат само детаљ, а не центар на вниманието.
-Обрнете внимание да бидат доволно комотни, но, не и премногу за да не ви испаднат. Носите ги два дена пред венчавката, за да се навикнете на нив. Ден пред церемонијата треба добро да се испеглаат за да бидат во совршена форма за вашиот совршен ден.