Ердем ја претстави својата прва колекција невестински фустани
•
5 февруари 2021
Ако ја обожувате работата на Ердем, тогаш дефинитивно ќе ви се допадне неговата прва невестинска колекција.
,,Невестата треба да изгледа како најдобрата верзија од себеси, а не како да се подготвува за некого," вели дизајнерот.
View this post on Instagram
Колекцијата е наречена The White Collection, а стилот на истата може да се опише како опуштен, лежерно дотеран, романтичен. Меѓу моделите ќе најдете фустани со извезен тул, тантела со точки, кратки и долги варијанти, а акцентот е ставен и на деталите. Оваа колекција на Ердем е прва од ваков тип, иако во 2006 го затвори своето шоу, токму со невестински модел. Колекцијата има 6 модели и додатоци.