Фото: Погледнете како изгледа традиционална индиска венчавка!

28 април 2015

Во градот Jaisalmer во Индија, неодамна се случи интересна и весела церемонија со која се прослави бракот на двајца заљубени млади.

Модниот портал modamo.info ги пренесува прекрасните фотографии од оваа седумдневна церемонија која е синоним за неверојатен спој на традиционалното со современото.

Венчавката на младиот брачен пар започнала со вечера и забава организирани во пустина за околу 500 гости, а веќе следното утро било резервирано за традиционално индиско тетовирање со к’на.

Третиот ден од венчавката бил резервиран за традиционалната церемонија и венчавањето, а веднаш после тоа биле послужени и многу вкусни деликатеси и забава до утринските часови со Диџеј.

Невестата била облечена во индиска венчаница што и ја направила нејзината мајка, со оглед на тоа што се вели дека мајките најдобро ги познаваат желбите на своите деца.

По седумдневната церемонија, младенците се упатиле кон Мјанмар на уште една авантура, но овојпат наречена меден месец.

Во продолжение во галеријата погледнете како изгледа една традиционална индиска венчавка, која изобилува со многу забава, смеа, шарени детали и неверојатни обичаи!

Објавено:
28 април 2015
Категорија: 
Бела соба