Инбал Дрор: Венчаници за нежни невести

16 јануари 2019

Инбал Дрор е 43-годишна дизајнерка од Израел, која во модната индустрија се појави во 2005 година, а брендот за венчаници го лансираше во 2014 година.

Иако за нас и не толку посебна, во светот нејзиното име добро е познато, а за тоа говори и фактот дека со нејзин потпис е венчаницата на Иванка Трамп, а дизајнирала и за други познати личности меѓу кои и Бијонсе и Наоми Вотс. Има ли поголема реклама од тоа?

За пролет 2019 година создаде колекција венчаници во која го спои сексапилот и гламурот, кој на пример го гледаме на црвените килими. 

Резултатот се нежни, префинети креации каде има спој на тул, органтин, нежна тантела... Забележливо е и присуството на монистра, што придонесува за свечениот и гламурозниот сјај. 

Некои од креациите се со широки здолништа, а дел се со сведен изглед, но интересни детали, кои ќе го направат изгледот на невестата уште повпечатлив.

Погледнете:

Објавено:
16 јануари 2019
Категорија: 
Бела соба
Прочитано:
1.805 пати