Михано Момоса креираше венчаници со пердуви

16 февруари 2018

Српскиот креатор Михано Момоса во дизајнот на новата колекција венчаници им отстапи значајна улога на пердувите, што честопати се присутни во концептот на неговото креирање.

Но, овој пат тој им даде една нова димензија.

Во неговата актуелна колекција венчаници во која се застапени 14 различни изгледи, кај неколку од венчаниците фокусот е ставен на пердувите создавајќи модели што се граничат со имагинација.
Покрај венчаниците со мини и миди должина и нагласен струк, Михано креираше и комплет од корсет и панталони, сите покриени со бели пердуви.

Освен пердувите како главен фокус, уште еден носечки детаљ на оваа линија венчаници, се испишаните пораки со ракописот на самиот дизајнер упатувајќи позитивни мисли како: Endless, Timeless, Eternity, Hero of my hearth, I belong with you, Serendipity, Forever, Complete...

Овој српски бренд е препознатлив по неговата романтична естетика обоена во пастелен колорит, допадлива во широки размери, што му обезбеди и отворени врати кон глобалната модна сцена.

 

Објавено:
16 февруари 2018
Категорија: 
Бела соба
Прочитано:
476 пати