Ако вашата свадба е закажана за следната пролет, тогаш време е да почнете да го барате совршениот фустан во кој ќе блеснете и ќе се чувствувате подобро од кога и да е.

Деновиве се одржува Bridal Fashion Week во Њујорк каде некои од најпознатите дизајнери ги прикажаа новите колекции кои во себе содржат исклучителни парчиња.

Без разлика што барате, во нивните колекции дефинитивно ќе го најдете совршениот фустан за вас во кој ќе се чувствувате прекрасно на денот на вашата свадба.

Она што е интересно оваа година е тоа што дизајнерите сè повеќе се оттргнуваат од стандардниот крој на венчаници и на девојките им нудат нешто поразлично и уникатно.

Така, голем број од нив понудија фустани во сите други бои освен бела, украсени со многу цветови, колоритни велови, интересни кроеви, разни додатоци и што уште не.

Во нивните колекции сместија и шик комбинезони, долги бели палта во вид на фустани, slip фустани, едноставни панталони со палто, марами на главата...

За сите оние кои и денеска сè уште се вљубени во раскошот, дел од дизајнерите прикажаа и впечатливи фустани направени од прекрасна свила, со „опашки“ во задниот дел во кои дефинитивно ќе бидете забележани.

Дел од галеријата погоре се и прекрасни фустани од дел од дизајнерите кои своите колекции ги прикажаа надвор од модната недела. 

Фото: Bridal.com, Fashion.hr, WWD

Објавено:
15 октомври 2018
Категорија: 
Бела соба
Прочитано:
546 пати