Повеќенаменски венчаници за храбри и уникатни невести

31 мај 2014

Со наметнувањето на краткиот топ на модните писти и уличната мода, како и трендот од примената на креациите со смирени и едноставни линии, некако суптилно се провлекоа како тренд и во создавањето на венчаниците. Па така, од најновите колекции на познати реномирани дизајнери и брендови кои  во својата понуда вклучуваат и невестинска линија, не ги заобиколија венчаниците изработени со инспирација токму од уличните трендови. Позитивната страна од актуелизирањето на ваквите модели е тоа што тие се мултифункционални, односно можете да ги носите повторно, а не само за венчавката.

 

Кратките модели на венчаници со едноставен крој исто така извесен период станаа доста популарни, а нив секако дека можете да ги облечете пак, а не да висат на закачалка во пларкарот. Оние модели пак со кратки топови, се за похрабрите идни невести кои не се плашат да покажат малку кожа, момент кој сепак треба да одговара според градбата на телото.

 

Романтични, нежни и сензуални креации можете да разгледате од фото галеријата, а доколку сте една од невестите што не сака да даде пари за фустан со една намена, тогаш инспирирајте се за нешто сосема поинакво, трендовско и уникатно.

Објавено:
31 мај 2014
Категорија: 
Бела соба