Романтични комбинации во пастелни тонови за летни свечености

29 јули 2016

Доколку сте гостинка на свадба ова лето или пак сте старосватица, сигурно сте во потрага по вашиот идеален аутфит за тој посебен ден.

Комбинациите во нежни, пастелни тонови се идеален и секогаш сигурен избор за свеченост, особено во летниот период.

Одберете романтичен макси фустан во некоја боја од богатата колорна карта на пастелни бои (шеќерно розова, нежна сина, светло жолта...) или пак миди здолниште од тантела исто така во пастелен тоналитет комбиниран со топ во некоја неутрална боја.

Надополнете со модни додатоци што ќе и дадат впечатлив финиш на комбинацијата како на пример цветно венче за во коса, мала чантичка со кратка рачка, брош или масивен накит ако фустанот е со едноставен крој.

Издвоивме неколку интересни варијанти за инспирација...

 

Објавено:
29 јули 2016
Категорија: 
Бела соба
Прочитано:
1.514 пати