Што да облечете на зимска венчавка?

12 декември 2014

Сигурно досега ви се случило да бидете поканети како гости на свадбена церемонија што се случува во студениот зимски период. Токму поради студеното време сте имале проблем да го комплетирате вашиот изглед и да размислите дали и во затворена сала ќе ви биде студено. За да не се ограничувате и да ги затворате вашите гледишта дека за  свадбена церемонија автоматски мора да облечете раскошен макси фустан, од содржината ви предлагаме неколку парчиња кои одлично би изгледале на прослава од ваков карактер.

Наместо тоалета која можеби сте ја носеле и претходно, а секако не сакате да го репризирате изгледот, тогаш разгледајте со поинакви очи во вашиот гардеробер. Можеби вашето омилено молив здолниште за на работа, идеално ќе се совпадне со некој топ или транспарентна свилена кошула на долги ракави. Коктел фустаните со зимски принт и комбенизоните,  исто така се компактни за свадба.

Joseph Joseph

 

Со малку идеја и креативност, парчињата за кои сте мислеле дека се само за дневни варијанти и не толку за специјални пригоди, перфектно ќе се совпаднат.

Reiss Reiss

 

Пелерините и почната може да ги најдете во префинети и класични варијанти кои може да бидат стилскиот завршеток на целосниот изглед. Погледнете дел од нашите предлози и инспирирајте се за поинаков свадбен изглед.

Објавено:
12 декември 2014
Категорија: 
Бела соба