Насловна
  • Мода
  • Стил
  • Убавина
  • Здравје
  • Бела соба
  • Интервјуа
  • Култура
  • Архитектура
  • Галерии
Share Pin Tweet E-mail

Скопје цвета: 6. Фестивал на цвеќето во Градскиот парк

Шарено, весело и цветно е Скопје овој викенд во Градскиот парк. По 6. пат се одржува традиционалниот Цветен фестивал што има за цел да ја развива хортикултурата, но и да придонесе за позитивното расположение меѓу граѓаните.

Паркот денеска беше преполн и со цвеќиња и со посетители (случајни, но и наменски што дошле со цел да ја разгледат понудата на изложувачите).

И оваа година програмата е надополнета и со музички дел со што на скопјани им се пружа убава прилика опуштено, меѓу шаренилото од цвеќиња, да го поминат овој викенд во Градскиот парк.

Фестивалот продолжува со својата програма и во текот на утрешниот ден.

18 мај 2019

Други галерии

Оние кои нѐ напуштија во...

Стилот на Џулија Робертс...

Најдобрите маски на позна...

Ена Зафировска ја презент...

Семејниот албум на Обама

Улична мода со метален сј...