Ева Живковска, оперски пејач

Ева Живковска - голема надеж на оперското ѕвездено небо

Интервју со
Ева Живковска
29 август 2023


На 10 септември ќе се случи голем настан во Хрватска, каде што на покана на легендарниот Џанфранко Папалардо Фиумара ќе гостува нашата млада оперска пејачка Ева Живковска.

Концертот кој што е насловен NO(c)TE(s) ќе биде одлична можност за Ева која има само 22 години да ја стартува својата блескава иднина под оперското ѕвездено небо.

Нашата ѕвезда во подем ќе биде облечена во две креации на етаблираниот бренд ЕЛЕНА ЛУКА, кој што застана зад неа.

Г-ѓа Елена Пандева заедно со тимот соработуваше со Ева за претстојниот концерт и ќе продолжи да биде нејзина огромна поддршка и понатаму.

Додека Ева се подготвуваше за фотосесија носејќи неколку прекрасни ЕЛЕНА ЛУКА креации, накратко поразговаравме со неа.

Здраво Ева, се надевам те наоѓаме во добро расположение... Кажи ни нешто повеќе за тебе, која е Ева?

Добар ден ви блгаодарам на поканата. Јас сум Ева Живковска, млад оперски пејач кој студира на факултетот за музичка уметност во Скопје. Покрај студиите во Скопје своето знаење го надополнувам и во Виена.

Имам 22 години, а со пеење започнав на 15 годишна возраст. За прв пат настапив заедно со македонската филхармонија на 16 години и тогаш се роди мојата желба за операта.

Моментално си на фотосесија и се подготвуваш за голем настан, за што станува збор?

Да, на 10 септември ме очекува голем концерт во Хрватска. Ќе пеам пред голема публика и со големи имиња од операта, што е одлична прилика и непроценливо искуство за еден млад пејач како мене. Настапувам на покана од директорот на операта во Сицилија, Џанфранко Папалардо Фиумара, кој е и пијанист.

Настанот ќе се случува во Aqua Iasae, односно Стариот римски храм во градот Вараждин на денот на Вараждинската општина. Јас сум специјален гостин на фестивалот каде ќе настапат и Роберто Креска, Алесио Кваресима Ескобар, Јелена Стефаниќ, Мартина Томчиќ...

Се наоѓаме во студиото на ЕЛЕНА ЛУКА, а ти изгледаш прекрасно. Како тече соработката со г-ѓа Елена Пандева?

Сакам да упатам особена благодарност до ѓ-ѓа Елена Пандева и до целиот тим на ЕЛЕНА ЛУКА којшто се погрижи за мојот изглед на денешната фотосесија.

Одлично соработуваме, сликавме неколку прекрасни фустани, а и ова што го носам е еден од нив.

На настанот во Хрватска ќе носам две креации на ЕЛЕНА ЛУКА, што е голема чест за мене.
Г-ѓа Елена Пандева дава голема поддршка за младите уметници, таа е една прекрасна личност која што застана зад мене со сета своја сила и позитивна енергија.

Сакам од се срце да ви се заблагодарам за соработката и се надевам дека во Хрватска ќе се претставам во најдобро можно светло и ќе се вратам со позитивни импресии.

За потребите на фотосесијата Ева носеше дел од екстравагантните фустани на ЕЛЕНА ЛУКА кои што одлично се вклопија со стилот на оперска дива.

Испраќаме силна поддршка за нашата млада ѕвезда која ја очекуваме со импресии по настапот за следно интервју.

Објавено:
29 август 2023
object(stdClass)#478 (8) { ["nid"]=> string(5) "30818" ["ga_count"]=> string(1) "0" ["ga_count_week"]=> string(1) "0" ["ga_count_day"]=> string(1) "0" ["ga_count_start_date"]=> string(1) "0" ["ga_count_week_start_date"]=> string(1) "0" ["ga_count_day_start_date"]=> string(1) "0" ["fb_count"]=> string(1) "0" }