Артист, поп пејачка

Вистински посакувам секоја жена да стане свесна за тоа колку е важна

Интервју со
Викторија Лоба
10 декември 2018

Оваа година за Викторија Лоба беше исклучително успешна. Започна соработка со диџејот и продуцент Марга Сол со што отвори една нова етапа во нејзината професионална кариера, го привршува новиот албум што треба да излезе до крајот на годинава, ја видовме и во различни промотивни кампањи, а стана и заштитно лице за Македонија на шведскиот козметички бренд Орифлеим промовирајќи ја идејата „Убава на свој начин". За тоа како е да се биде во оваа улога, за новите прфесионални предизвици, за тоа што ѝ „дава крилја", како и за нејзината бјути рутина со козметичките производи на Орифлеим, читајте во разговорот во продолжение...

Викторија, годинава имаш една убава и несекојдневна привилегија како заштитно лице на Орифлеим да ја пренесеш пораката „Убава на свој начин". Како е да се биде во оваа улога?

-Чувството е прекрасно! Јас вистински сакам секоја жена да стане свесна за тоа колку е важна и да ја забележи убавината која ја носи со себе, да ја негува и истакнува.

Следејќи ја мотивирачката мисија која ја слави различноста преку идејата „Убава на свој начин", се наметнува прашањето: Кој е твојот начин?

-Мојот начин е да сум јас во секоја ситуација. Убавината сакам да ја негувам од внатре и од надвор и немам никакви предрасуди да ја истакнувам таква каква што е.

Кога се чувствуваме добро, подготвени сме да се соочиме со сите предизвици што нè водат до нашите соништа. Како изгледа твојата секојдневна бјути рутина, како есенција на тоа да се чувствуваш добро во своја кожа?

- Кога се будам си давам пет минутки да полежам и да си го насочам умот на позитивни вибрации.
Потоа пуштам музика која ме мотивира и чистам заби, се туширам, нанесувам крем за очи, серум и дневна крема секогаш со фактор! Доколку треба да одам на состанок или во студио нанесувам лесна шминка која ги истакнува моите очи, малку руменило, парфем и секогаш се облекувам во тоа во што се чувствувам комфортно.

Кои се твоите омилени производи од козметиката на Орифлеим?

-Дефинитивно омилена ми е "NovAge -ecollagen" колекцијата за нега на лице, таа тотално ми одговара и ми помага да не се грижам за здравиот изглед на мојата кожа. Секојдневната рутина на нега на лице ми одзема помалку од 5 минути наутро и исто толку навечер, а придобивките се очигледни. Исто така го обожавам повеќенаменскиот балзам "Tender Care" со природен пчелин восок и витамин Е кој дава интензивна хидратација на многу сува кожа, се користи за целото тело, а јас најчесто го користам за усните и лактите во постуден период. Од декоративната козметика сум многу задоволна од сите производи на колекцијата "Giordani Gold" која за мене е долгогодишен фаворит. Кога бев тинејџерка ја користеше мојата мајка, а сега ја користам и јас.

Во контекст на тоа дека ни претстои празничен период, твоја препорака што од богатиот асортиман на Орифлеим да им подариме на драгите личности?

- Јас веќе знам што ќе им подарам на најблиските и секако подарокот мора да е прилагоден на личноста која сакаме да ја изненадиме. Доколку тоа е вашата мајка, жена, ќерка, сестра, колешка или пријателка мое мислење е да се подари сет од "NovAge" каде ќе одберете линија според годините. Сетот доаѓа во убава специјална кутија на која можете да додадете само машна и подарокот е спремен затоа што внатре има се што е потребно за секојдневна нега. Но, да не го заборавам и нашиот посилен пол, за мажите исто така препорачувам "NovAge Men" колекција која во сетот содржи сè што му е потребно на еден маж за да изгледа свежо и подмладено.

Колку жените од твоето блиско окружување имаа/т влијание врз твојата перцепција на улогата на жените во современото општество? Имаш ли пример за жена која би ја поистоветувала со личен херој?

- Мојата мајка е мојот пример и личен херој за тоа како во секоја ситуација останува верена на својата внатрешна убавина и не ја запоставува надворешната. Негата и добар сон се многу важни во ова наше современо општество каде постојано сме активни.

Која е твојата лична дефиниција за убавина?

- Сметам дека секој човек на оваа планета е индивидуа, секој е убав, мудар и шармантен на свој начин. Жената е убава онолку колку што си дозволува себе си да биде убава.

Го сметаш ли за предност фактот што растеше и созреваше пред судот на јавноста? Колку Викторија пред камерите се разликува од Викторија зад нив?

- Јас сум јас во секоја ситуација, и пред и зад камерите. Имам неколку улоги во текот на денот како ќерка, професионалец во мојата работа, жена, пријателка, домаќинка и во секоја сум вистинската јас.

Соработката со Марга Сол отвора нова етапа во твојот професионален живот?

- Така е! Работиме убава работа, создаваме современа музика во која уживаме пред сè ние и сакаме да ја споделиме со сите. Верувам дека сите, а посебно помладите генерации достојно ќе ја оценат нашата работа.

Неодамна го промовираше и новиот спот за „Над небото", како најава за финалната фаза пред објавувањето на новиот албум?

-Да, очекувајте го мојот албум до крајот на годинава, јас сум многу нестрплива и за тоа има добра причина :)

Што ти дава крилја?

-Луѓето кои ги сакам, мојата музика, моите успеси ми даваат крилја и ме мотивираат низ животот.

Комерцијален текст

 

Објавено:
10 декември 2018
object(stdClass)#478 (8) { ["nid"]=> string(5) "20566" ["ga_count"]=> string(4) "1103" ["ga_count_week"]=> string(1) "0" ["ga_count_day"]=> string(1) "0" ["ga_count_start_date"]=> string(10) "1436911200" ["ga_count_week_start_date"]=> string(10) "1690668000" ["ga_count_day_start_date"]=> string(10) "1690668000" ["fb_count"]=> string(1) "0" }
Прочитано:
1.103 пати