The Babe Barbarella ESFF Band: Нашата приказна се сведува на чиста забава и добра свирка!

Интервју со •
27 јуни 2015

Голема е веројатноста овие денови по социјалните мрежи да сретнавте една ултра шик преработка на, да бидеме искрени, легендарната „Necu, necu dijamante“ на босанскиот пејач Халид Бешлиќ. Токму таа преработка, ја направија талентираните момци од The Babe Barbarella ESFF Band, на чело со вокалот со светски, фанки глас, Зоско Хандукиќ. Бидејќи изминатите неколку денови ние сме буквално зависни од нивната музика, решивме малку да поразговараме со нив и да ја слушнеме нивната приказна. Додека не ја имаме честа да дојдат на свирка во Македонија, уживајте во нивните звуци и прочитајте што тие открија ексклузивно за Fashionel од Босна!

-Значи ли дека Џејн Фонда е најсексипилната жена на сите времиња според вас?

Така е. Токму во онакво издание во какво што ја претстави режисерот Roger Vadim во 1968 – та година, а ја нацрта Jean Claude Forest.

-Како настана бендот, од кога постоите?

The Babe Barbarella постои од 2011 – тата година. Нашата приказна се сведува на чиста забава и добра свирка. Преку фанкот, диско музиката и добриот грув, ние ја пренесуваме нашата енергија на публиката.

-Кое е вашето мото?

„Disco and Funk is music for dancing, and I know that the people will always want to dance“..... :)

-Зошто повеќе преработки, отколку сопствени песни?

Затоа што ние не сме добри во пишувањето текстови за песни. Се држиме до она што го знаеме, а тоа е компонирање музика и правење аранжмани. Сите видео спотови што досега ги објавивме, ги направивме сами, со своја опрема.

-Како реагираше Халид Бешлиќ на преработката на еден од неговите најголеми хитови?

Тоа можете да го видите и на неговата официјална fan страна, каде ја објави нашата преработка и напиша: Супер!

-Која е следната песна што ќе ја преработите? Продолжувате ли во „Халид“ правец?

Песните за обработка не ги правиме плански, сето тоа зависи од нашето расположение. Ние само добро се забавуваме и им даваме на луѓето добра музика и добра свирка. Единствено што знам е дека ќе биде во funk правец.

- Од денешна перспектива, што мислите за музичките шоуа, со тоа што и вие самите бевте дел од OBN Music Talents?

Сметам дека музичките шоу програми се многу добра работа, бидејќи оттаму можат да излезат многу талентирани музичари. Благодарение на OBN Music Talents, мене ми излегоа многу прилики и можности да гостувам ширум Босна и Херцеговина, се запознав со многу луѓе, но сето тоа е со краток рок, вистинскиот успех е да се одржите што подолго на сцена.

-Кој влијаеше врз вас како музичар во текот на годините?

James Brown, Moloko, Jamiroquai i Chic...

-Кои се вашите херои од реалниот живот?

Сите луѓе кои и покрај своите животни проблеми, имаат сила да останат позитивни.

-Каде досега имате настапувано и дали можеби наскоро планирате настап во Македонија?

Досега сме настапувале по цела Босна и Херцеговина, бевме и во Австрија, па ако не поканите и вие, би сакале да дојдеме и во Македонија.

-Какви се вашите размислувања за балканската музичка сцена во моментов? Знаат ли младите да слушаат квалитетна музика?

Па во принцип има многу кич, особено многу неквалитетлна турбо фолк музика, која е многу присутна кај младата популација. Денеска младите истовремено слушаат и турбофолк и рок, што претходно било незамисливо.

-Дали и приватно имате толку оригинален и специфичен стил како во последното видео?

Во приватен живот сите стануваме во 05.30 наутро и одиме на работа, а навечер сите се пресоблекуваме во анимирани костими и го спасуваме светот со квалитетен грув!

-Што мислите за Дино Дворник?

Крал, Татко на фанкот, сѐ најдобро. Тој беше пред своето време...

Порака од бендот:

За крај, ви се заблагодаруваме многу за интересирањето за нашиот бенд. Се надеваме дека наскоро ќе имаме прилика да се забавуваме сите заедно во Македонија. Голем поздрав за сите Македонци од The Babe Barbarella ESFF Band (Зоско, Ерко, Елвис, Динко и Арслан).

Објавено:
27 јуни 2015
bool(false)