Кристина и Марија се две сосема различни девојки со еден заеднички свет кој е нивно интимно прибежиште од рутинското секојдневие: Design and Berries.
Својата креативна енергија, двете урбани девојки ја канализираат токму преку нивниот моден блог што од 2010 година е сведок на нивните соништа, насмевки, оригинални идеи, размислувања, автентичен сенс за уметноста... Таму се случува целата магијата.
Соработката со различни македонски креативци, автентичниот накит што самите го изработуваат, нивниот тотално кул пристап кон модата како форма на изразување, како и оригиналните фотографии што ги објавуваат на нивниот блог, беа само еден мал дел од мотивот поблиску да ги запознаеме двете девојки кои за себе ќе кажат дека ги споила токму потребата за еден заеднички свет иако доаѓаат од различни „универзуми“.
Фотографија со ваш дизајн се најде меѓу 25-те најдобри модни фотографии на листата на фото-платформата 500px. Како се најдовте во таа престижна селекција?
Непосредно пред 14ти Февруари остваривме една мини Non-Valentine соработка со Ирина Тошева (https://www.facebook.com/tosheva.fashion?fref=ts) и Ангела Јаневска - Angela Dissected (http://angeladissected.blogspot.com/2015/03/sunday-inspiration-midi-skirt.html) на која повторно како фотограф се појавува Ерина Богоева (https://500px.com/ErinaB).
Ерина е член на 500px каде што често се организираат разни конкурси на одредена тема и потоа се одбираат најдобрите. Така се случи и овој пат, Ерина конкурираше со фотографија од оваа соработка и нормално си го заслужи епитетот kick ass fashion photographer.
Како дојдовте до идејата да го лансирате вашиот заеднички блог Design and Berries и која е неговата основна мисија?
Блогот постои од 2010 и започна да го пишува Кристина за време на студиите.
Кристина: Идејата беше да создадам место кое ќе го полнам со сите мали работи кои ги создавам, а кои изнудуваат насмевка. Пред околу две години се случи првата соработка со Марија. Работевме на видео запис за берлинското електронско дуо Paskal & Urban Absolutes (http://designandberries.com/inspiration/pieces-so-berry-new/#.VRgFn_mUe08), по која што сфативме дека иако премногу различни ние одлично функционираме на креативно ниво, па решивме да продолжиме како тим. Блогот се’ уште е место кое го полниме со проектите кои ги создаваме, но сега заедно.
Вие сте две различни девојки со автентичен животен стил. Koj беше клучниот момент што ве спои во Design and Berries?
Без разлика на тоа колку сме различни не ни требаше долго за да сфативме дека колку што ни се различни световите во кои живееме, толку ни се поклопуваат и надполнуваат креативните мисли.
Би рекле дека Design and berries е взаемната потреба да имаме еден заеднички свет во кој ќе можеме да се сокриеме секогаш кога ќе се почувствуваме заглавени во секојдневните обврски.
Каква е содржината на вашиот блог?
Design and Berries за сите кои го посетиле претставува блог за накит и несекојдневни модни додатоци. Многу често не карактеризираат и како моден блог. За нас блогот претставува креативна призма преку која ја канализираме секоја емоција, инспирација, енергија.. секој момент кој сакаме да го задржиме и го претвараме во предмет кој некому ќе пренесе барем малку позотивна енергија или насмевка.
Какви аксесоари изработувате и кои техники при тоа најчесто ги користите?
Изработуваме се што една девојка може да стави на себе како накит. Накитот најчесто го работиме со синџирчиња од кои едноставно неможеме да избегаме и полимерна глина. Полимерната глина ја избравме само затоа што е материјал кој не не' ограничува и секогаш не враќа назад во детството. Се работи исто како со пластелин, почнуваш од нула, создаваш и бои и форми. Покрај накитот она што научивме е да не се ограничуваме само на еден медиум, доколку имаме идеја во која силно веруваме - ја реализираме.
Што ве инспирира?
Не' инспирираат насмевки, драги луѓе, мириси, не' инспирира сонцето и дождот, секојдневните предмети на кои сме заборавиле да обрнуваме внимание (како на пример фластер, пуканки) ... и сите они работи кои се чувствуваат.
Ние со инспирацијата немаме проблем, имаме проблем со времето. :) Толку многу идеи и проекти, а толку малку време за реализација на истите.
Со кои македонски дизајнери соработувате и како ве прифаќа домашната публика?
Секогаш сме расположени за соработка со македниски креативци без разлика дали се работи за дизајнери, фотографи, блогери. Со Ирина Тошева ова ни е трета соработка, со Ерина втора, за Different Wedding Photography (https://www.facebook.com/DifferentWeddingPhotography?fref=ts) работевме пакувања... Секоја соработка ни е драга и си носи посебна енергија и публика. Во моментов се работи на нов проект со двајца креативци со кои за првпат ќе соработуваме :)
Што работите во моментов и како планирате да ја развивате вашата заедничка пасија во иднина?
Блогот и понатаму ќе остане наше мило хоби, место каде што ќе се сокриваме секогаш кога ќе почувстувавме дека ни треба. Се бориме со тоа ова хоби да не прерасне во обврска, иако тоа е тешко сега за сега ни успева.