млада дизајнерка

Девојка која ги прави највкусните илустрации на светот!

Интервју со
Ина Михајлова
25 март 2016

Доколку досега не сте ги погледнале илустрациите на Ина Михајлова, тогаш имате сериозна задача за овој викенд. Оваа ултра креативна девојка со супер талент создава неверојатни илустрации со помош на храна, на кои им се восхитуваме секогаш кога ќе ги објави. Таа е млада и успешна дизајнерка со неколку изложби зад себе, а меѓу последните беше и фантастичната „Je Suis“. За своите илустрации ќе каже дека се спонтани и сатирични, секогаш со доза на иронија која буди насмевка кај оној што ги гледа. Со неа разговаравме и за тоа што слуша додека црта, која е нејзината најголема инспирација, за хероите од реалниот живот, но и за тоа до каде е развојот на оваа индустрија во Македонија.

Уживајте! 

Како во неколку зборови би ги опишале Вашите илустрации?

-Спонтани, сатирични, секогаш со доза на иронија која буди насмевка кај гледачот (би можела да додадам уште зборови, но овие ги опишуваат илустрациите баш онакви какви што се).

Која беше првата илустрација што ја направивте?

- Многупати го имам одговорено ова прашање, тоа е илустрацијата со девојка која убива жолти гумени бонбони кои јас не ги љубам, ни тогаш, ни сега, а не верувам дека и во иднина би го сменила мислењето.

Речиси секоја илустрација ја надополнувате со остатоци од претежно вкусна храна. Гурман ли сте?

- Се разбира дека сум гурман, но периодов навистина внимавам на исхраната (зошто знаете лето), така што ако некогаш сум ја консумирала храната веднаш по реализацијата на илустрацијата, сега веќе остатоците ги оставам некому што со задоволство би ги изел.

Кого или што можете да го посочите како Ваше најголемо влијание/инспирација врз работата?

-Секојдневните ситуации, периоди од  едно поинакво минато кои будат носталгија на една убава младост.

Што слушате додека работите?

- Многу сум терсене кога станува збор за музика, но кога творам гледам да слушам нешто порелаксирано што не значи дека ако ме држи добро расположение, обавезно во позадина оди некој Boiler Room . Доколку ми легне на уво може да се преслуша неколку пати во серија.

Која е Вашата омилена илустрација и зошто токму таа?

-Секогаш и секогаш првата илустрација која ја наведов погоре како девојка што пука со пиштол во жолти бонбони. Како што поминува времето и никнуваат нови дела, веројатно поради некоја лојалност кон постарите цртежи секогаш поголема почит имам кон нив.

Каква порака сакате да испратите преку Вашите цртежи?

-Никогаш не сум размислувала да пренесам порака некому преку тоа што го правам. Единствена цел ми е цртежот да биде јасен без понатамошно образложување кое е неговото значење.

Се плашите ли дека некогаш ќе Ви пресуши креативноста?

-Се плашам само дека се повторуваат едни исти работи и дека не сме измислиле топла вода. Инспирација постојано ќе црпам од други артисти без оглед на тоа дали станува збор за ликовен уметник, музичар итн. Тоа е одбранбен механизам да видиш нешто што ќе те фрапира, па да се движиш во сличен правец.

Како луѓето реагираат на Вашите илустрации?

- Фала Богу, поддршката секојдневно е сѐ поголема, пред сѐ од најблиските и пријателите кои несебично се покрај мене и ја галат мојата самодоверба, но и од оние со кои не се познаваме лично.

Каков е процесот на изработка на еден цртеж? Какви алатки користите?

- Интеракција на храна или предмет и цртеж. Прво правам брза скица со технички молив и според големината на предметот кој треба да биде имплементиран врз цртежот го официјализирам делото со маркери, микрони и рапитографи. Последнава година се поретко користам боја, па во план ми е да го сменам малку и стилот.

До каде е развојот на оваа индустрија во Македонија?

- Искрено се поретко следам што сè случува со дизајнот кај нас, оние квалитетните си го фатија патот надвор од нашата држава, а штом не сум посветила внимание на оние кои останале не можам да зборувам и да кажам мислење.

Кои се Вашите херои од реалниот живот?

-Суперхеројот таканаречена МАЈКА! 

Објавено:
25 март 2016
object(stdClass)#487 (8) { ["nid"]=> string(5) "13286" ["ga_count"]=> string(4) "4074" ["ga_count_week"]=> string(1) "0" ["ga_count_day"]=> string(1) "0" ["ga_count_start_date"]=> string(10) "1436911200" ["ga_count_week_start_date"]=> string(10) "1675033200" ["ga_count_day_start_date"]=> string(10) "1675033200" ["fb_count"]=> string(3) "527" }
Прочитано:
4.074 пати