Добре дојдовте во детскиот свет на Окаиди

Интервју со •
19 декември 2014

Живеењето во детскиот свет бара неопходна едукација и суптилен пристап. Токму вакви предиспозиции, комплетирани со стручност, професионалност и голем број насмевки, нуди брендот за детска облека Окаиди, лоциран на третиот спрат од трговскиот центар Сити Мол, a присутен и во ТЦ Рамстор и ТЦ Сума во Куманово. Модниот бренд е дел од Fashion Group, а богатиот избор на облека и додатоци го прави уникатен во секој домен. Самиот влез во бутикот е всушност бегство од реалноста и уживање во фантастични едукативни приказни, кои во фокусот го ставаат токму интересот на секое дете. Топлото добредојде и широката насмевка од вработените е дополнителен мотив да го посетите овој продажен салон. Бренд менаџерот на Окаиди, Стефан Адриана Дана со голема љубов зборува за својата работа, а во продолжение информирајте се дополнително за брендот за детска облека, кој е распространет во 65 земји во светот

Кои предиспозиции треба да ги поседува менаџерот за да раководи со бренд за детска облека?

Без разлика дали е бренд за детска облека или повозрасна популација, потребно е да се познава пазарот. Ние сме мал пазар во споредба со светските пазари и токму затоа важно е да се знаат потребите на клиентите. Исто така, за да се биде менаџер, потребно е да се пратат модните текови, бидејќи детската облека е всушност огледало на модните трендови кои преовладуваат кај возрасните. И трета работа, треба да го сакате детскиот свет, кој е свет на невиноста и искреноста и да си ја сакате работата.

Бидејќи се работи за детска облека, каков  е пристапот кон клиентите?

Ние имаме два типа на купувачи,  родителите и самите деца и тоа е двојна одговорност. Кога детето е присутно, се обидуваме на еден дискретен начин, да го идентификуваме детското мислење и барање во однос на родителите. Јас ги учам моите вработени да направат едукација на децата во однос на модата, за тоа што е квалитетно, комотно и се става акцент на практичноста.

Дали децата или родителите примаат сугестии од ваша страна?

Од самите почетоци до денес има промени. Децата знаат што сакаат и знаат да кажат дали е нешто добро, модерно или не. Но, ние пристапуваме на елегантен начин да не ги ставиме во сенка родителите, бидејќи тие  се сепак крајните купувачи, а од друга страна влијаеме во насока да го издигнеме детето на ниво, да одлучува за некои работи. Се обидуваме на спонтан начин да го едуцираме детето во изборот на материјалите, боите и парчињата во склоп со модните трендови, кои се моментално актуелни. Но кај Окаиди е специфично тоа што на светско ниво секоја колекција е поврзана со одредена едукативна тема во однос на екологијата, животната средина, пријателството, детските права, оптимистичката енергија итн.

Кое е мотото на брендот?

Да го направиме светот на децата подобро место за живеење.

Со што ќе ги изненадите најмладите за претстојните празници?

Прво со убави продукти и цена бидејќи ќе бидеме во тек на сезонските попусти. Неодамна ни беше роденден, па можеби ќе направиме забава поврзана со детски активности. Ќе има диџеј, шминкање на деца, кловнови, но ќе имаме и подароци за деца кои се во школска возраст - календари, јојо, боички, односно симболични нешта за децата кои ќе бидат присутни, а кои сепак ќе бидат поврзани со тематиката на Окаиди.

По што се разликува излогот на Окаиди во однос на другите брендови?

Секој бренд почитува правила од светско ниво. Окаиди Македонија не е индивидуален во однос на креацијата на излозите или внатрешниот излог. Тоа значи дека тоа што го гледате тука, го има во сите продажни салони на Окаиди насекаде во светот. Ние сме поврзани со матичната куќа и се храниме со информации кои се пренесуваат на неделно ниво. Целосната организација е под директива на повисоко ниво. Окаиди се разликува по тоа што не прави стерилна продажба, бидејќи истовремено прави едукација на децата. Излозите се поврзани со одредена тематика или активности на децата. Пред неколку недели имавме Playing for Change акција, со продажба на usb со песни испеани со деца од цел свет, односно од Африка и Америка до Австралија, преку кои се пренесува порака за мир со светот.

Кој според вас е најактуелен тренд сезонава?

За есен - зима се НАСА јакните изработени од специјални материјали со технологија која е во развој и има детали на астронаути, космос итн. Моментално нордискиот стил е актуелен. Се враќаме кон стари вредности на модата, особено во зимскиот период, планинарење, нордиска шара на џемпери, на панталоните и аксесоари. Нашите колекции имаат седум приказни и се однесуваат за бебиња и деца до 14 години. Секоја колекција е поврзана со пет до седум приказни. Секоја приказна има наслов и е поврзана со одредена порака, дизајн и бои и секоја е различна. Кај нас немаме колекција туку термини од детскиот свет. Имаме арктикли кои беа поврзани со светот на соништата, ноќници, пижами, папучи. Прв пат Окаиди воведе играње со бисери и блескави моменти. Французите имаат идентитет кој ретко го адаптираат кон останатите. Но оваа сезона, воведоа новитети кои се поврзани со светкави детали на барање на бренд менаџерите. Нема чиста комерцијализација, туку мода која е француска, едукативна и пристап кој бара комуникација со децата за градење на идентитетот.  Неодамна бев на конвенција на Окаиди во Северна Франција и можам да потврдам дека наскоро ќе имаме магични маици и сосема нов и интересен новитет, односно ќе работиме со еколошки памук, кој е интересен на допир,одгледуван без пестициди и хемикалии. Колекцијата воодушевува!

Која порака би сакале да ја пренесете за претстојните новогодишни и божиќни празници?

Да се здрави и живи нашите купувачи и децата. Доколку сакате да се смирите и да го најдете спокојот, децата се вистинскиот избор за тоа.

Објавено:
19 декември 2014
bool(false)