Моден бренд

„ДА со стил“ - нова колекција венчаници на ЕЛЕНА ЛУКА

Интервју со
ЕЛЕНА ЛУКА
1 април 2022

Белиот цвет има толку силна симболика. Како рефлексија на чиста перфекција и како метафора на постојано усовршување, женска издржливост и еволуција.

ЕЛЕНА ЛУКА во секоја своја приказна вреднува моќна симболика. И токму во тоа е безвременоста на сите колекции на овој наш, а светски, етаблиран бренд.

Новата колекција венчаници „White flower" е надоврзување на нејзиниот концепт во кој централна тема е авангардниот моден пристап крунисан со фантастичен избор на венчални фустани.

Линија на венчаници во која е олицетворена женственоста на најпрефинет начин. Префинетост како онаа на белиот цвет.

Во дизајнот на секоја венчаница од оваа колекција, се пресретнуваат луксузот и карактерот на брендот, интерпретиран преку гламурозна естетика, богати материјали и ткаенини, деликатни структури поставени во модерен контекст.

„Новата колекција венчаници е продолжение на дизајнерската приказна што ја започнав со есенската колекција „White Flower". Белиот цвет за мене е исклучително инспиративен, во себе носи толку многу симболика - убавина, чистина, сила, издржливост и нежност истовремено - како и секоја жена. Токму тоа е нишката која е вткаена и во секоја венчална креација со препознатливиот потпис на ЕЛЕНА ЛУКА. Кога ја создававме колекцијата размислувавме на различноста во естетскиот израз, но воедно и за нежноста која речиси секоја жена ја посакува за својот венчален ден. Но, сакам да истакнам дека овие венчаници се навистина посебни, не само поради рачната изработка по која сме препознатливи и квалитетните материјали, овие креации во себе носат приказна и тоа е она што ЕЛЕНА ЛУКА ја издвојува од другите. Не носите само фустан, носите приказна и симболика, која ја збогатувате со вашата личност, став, израз. Сите креации во себе носат многу посветеност и љубов, кои се клучни за сите аспекти во животот", вели г-ѓа Елена Пандева, сопственик и генерален менаџер на ЕЛЕНА ЛУКА.

г-ѓа Елена Пандева, сопственик и генерален менаџер на ЕЛЕНА ЛУКА.

Првиот впечаток е модерна бајка за современите невести. Цветот како главна референца, се поставува во различни инвентивни варијанти, од 3Д форми како акцентирани детали до цветни композиции вметнати во луксузната тантела.

Колекцијата е поставена во неколку различни слоеви, што ја прави единствена и комплетна, а притоа на идните невести им нуди различна естетика со цел да ја пронајдат венчаницата која совршено ќе одговори на нивниот сензибилитет и личен вкус.

Едната страна на „White flower" се екстравагантните венчаници, полни со фантазија, во волуменозни форми, романтични и впечатливи, со богато декорирани корсети, како пресликани од сон... А другата страна пак, зборува за елеганција и софистицираност, луксуз во посмирени силуети или такви со миди должина, линии што ја следат женската сензуланост. ЕЛЕНА ЛУКА е бренд кој секогаш ја гледа широката слика и затоа и овојпат колекцијата венчаници ја надополни и со неколку неконвенционални варијанти кои современите невести ги обожуваат, како на пример алтернативната комбинација со бело дводелно одело изработено до перфекција во комбинација со топ комплетиран со екстравагантен накит.

Ги покануваме сите идни невести во ателјеата на ЕЛЕНА ЛУКА во Скопје и Струмица да ја одберат својата совршена венчаница. Истовремерно, колекцијата „White flower" ќе биде достапна и онлајн, на е-продавницата на ЕЛЕНА ЛУКА - elenaluka.com.

Во продолжение погледнете го ексклузивниот едиторијал со кој ЕЛЕНА ЛУКА ви ги презентира раскошните венчаници од колекцијата „White flower".

 

Објавено:
1 април 2022
object(stdClass)#483 (8) { ["nid"]=> string(5) "28161" ["ga_count"]=> string(4) "1131" ["ga_count_week"]=> string(1) "0" ["ga_count_day"]=> string(1) "0" ["ga_count_start_date"]=> string(10) "1436911200" ["ga_count_week_start_date"]=> string(10) "1690668000" ["ga_count_day_start_date"]=> string(10) "1691186400" ["fb_count"]=> string(1) "0" }
Прочитано:
1.131 пати