Доколку го гуглате нејзиното име на интернет, ќе можете да прочитате уште многу позитинвни и пофални коментари од модни дизајнери, стилисти, фризери, шминкери кои не се штедат да упатат убави и пофални зборови на сметка на Билјана. Таа е препознатлива по својот нежен сензибилитет , но во исто време е и личност која секое парче ставено на себе го претвара во сопствен израз. Своето убаво лице Билјана почна да го покажува на телевизија пред 19 години во МТВ, а оттогаш во нејзината кариера следеа низа проекти во кои таа секогаш е уникатна и препознатлива кај луѓето. Денес, Дебарлиева ја гледаме како презентер на вестите на Канал 5 телевизија, посветена и оригинална во својата работа. За џабе не е кажана онаа народната „крушата под круша пага“ па така 18 годишната Ана, е гордоста на Билјана за која често и велат дека е иста како мајка си. Ана Дебарлиева годинава е матуранка, а како мајка и ќерка секогаш си помагаат една на друга кога е во прашање гардероба, како и за овој повод. Овојпат направивме едно интересно интервју, низ кое тие двете ни раскажаа дел од нивните ставови во семејството но и кон модата. Неколку часа Ана и Билјана поминаа во салонот на модната куќа Елена Лука, а тоа можете да го погледнете разкажано и низ нашата интересна фото галерија.
Секоја жена или девојка би признала дека за да изгледа убаво и негувано и е потребно повеќе време и внимание. За вашата природна убавина можеме слободно да кажеме дека како времето да застанало. Која е тајната на Билјана Дебарлиева за совршен изглед?
Во целост се согласувам со тоа дека секоја припадничка на понежниот пол, без оглед на возраста, статусот, професијта, мора да внимава на својот изглед. Кога мислам на убавина, мислам и на надворешниот, физичкиот изглед, ама и на внатрешната убавина. Немам тајна за изгледот, едноставно ова што го имам е дадено од природата. Но, насмевката на лицето, позитивната мисла и пренесувањето на таа позитивна енергија, мислам дека е клучот на мојот успех.
Вашата професија како презентер и водител со себе си носи свои позитивни и негативни моменти кога станува зброр за изгледот. Колку е напорно една водителка да се подготви за емисија во живо, што се трпи Билјана за да изгледа беспрекорно на телевизија?
Секако дека има позитивни и негативни страни, постојано си под луша и на гледачите, ама и на луѓето што ќе те сретнат на улица. Негуваниот изглед стана дел од мојата професија и од моето секојдневие уште од самиот почеток. Во поглед на средувањето за утринските вести кои почнуваат во 7 наутро, веќе научив многу брзо да се подготвувам, а во однос на фризурата имам среќе што косата ми е квалитетна па имам фризура и по неколку дена а да изгледа како утрото да сум била на фризер.
Не ретко може да се прочитаат коментари преку кои ве издвојуваат во оние жени кои секогаш знаат да вметнат умерена елеганција во својот изглед. Како се носите со овие мислења на професионалците?
Многу ми годат и ми значат, бидејќи се кажани токму од професионалци кои најдобро знаат како треба да изгледа еден лик од тв екраните, ама во исто време за мене е и обрвска и поттик да не ги изневерам нивните очекувања во иднина.
Колку вашата популарност влијае на децата и семејството?
Воопшто, затоа што и на самиот почеток на мојата кариера и денес јас сум истата, не им ја наметнав мојата популарност и тие ја сфаќаат како и секоја друга професија. Јас приватно сум само Билјана Дебарлиева, посветена мајка, сопруга, а не лице од тв екранот.
Пресликана верзија на вашиот лик е токму вашата мајчинска и женска гордост или ќерка ви Ана. Колку таа се огледува и поистоветува со вас?
Само личиме една на друга, ама конкретно многу се разликуваме. Ако јас сум скромна, повлечена, Ана е бунтовна, сигурна во себе, уште на овие години таа е со изградена цел пред себе. Можам да кажам дека сум среќна што е така, бидејќи во денешно време скромноста веќе не поминува. Треба многу да се бориш за да ја постигнеш целта. Инаку, нејзините амбиции се сосема различни од она што јас го работам.
Сигурно Ана постојано добива комплименти и коментари дека е убава како и мајка си,како таа реагира на тоа и дали сака да биде како вас?
Да, ги има, ама не им посветуваме толку внимание, го свакаме и двете како нешто што можеби сме го очекувале како коментар од другите. Во секој случај, убаво е кога ќе слушнам:ќерката е поубава од мајката!
Кој на кого му сигерира во одност на гардеробата и стилот. Се советувате ли меѓусебно, како би го опишале вашиот а како стилот на Ана?
И двете си сугерираме една на друга, посебно кога сме во дилема кое парче облека со што е најдобро да се искомбинира. Ја прифаќам нејзината сугестија и во поглед на гардеробата, фризурата, шминката.
Какви парчиња гардероба има во вашиот плакар, какви кај Ана и дали имате работи кои си ги позајмувате?
Кај мене и спортски и класични, секојдневни, за секакви прилики. Во последно време си позајмуваме облека, повеќе Ана од мене отколку јас од неа. И двете обожуваме накит, прстени, марами, часовници и ги имаме навистина многу.
Кој е поголем шопингхоличар, вие или таа и дали имате задолжителнни периоди за купуање?
Јас секако. Понекогаш знам и да се пошегувам на своја сметка велејќи дека сум зависна од шопинг, па така нешто што многу ми се допаднало го купувам, а потоа сваќам дека и не ми било потребно. Ана е многу поразумна и порационална во тој поглед, го купува она што навистина многу ќе и се допадне и ако се вклопува со нејзината останата гардероба.
Дали ви е важно да имате брендирана облека и кои се најскапите парчиња во вашите гардеробери?
Се наоѓаат секакви парчиња облека и поефтини и поскапи. Не патам од тоа да имам брендирана облека, туку таа да биде разновидна и да можам лесно да ја комбинирам. Најубаво се чувствувам во моделите на „Bella“ со кои соработувам веќе 8 години и секогаш се задоволни за мојот изглед на телевизија.
Колку ја следите и што мислите за македонската модна сцена , дизајнерите и модните настани?
Ја следам повремено и мислам дека има многу нови и млади дизајнерски имиња кои на успешен начин ја изразуваат и реализираат својата креативност. Што се однесува на модните случувања, нив повеќе ги следи Ана.
Колку често со вашите пријателки разговарате за женската убавина, модата, шопингот?
Се разбира, меѓу другите теми на разговор е и модата, убавината, шопингот, за за ова последното јас сум шампион. Неколку мои пријателки кои шетаат со мене си купуваат убави парчиња облека, зашто знам да им помогнам во изборот што најдобро им прилега.
Кои се вашите дневни ритуали кога се подготвувате за излегување во град или на работа?
Речиси исти, исто се подготвувам и за на работа и за излегување, во смисла на времето потребно за шминка и избор на гардероба. Што сум испраксирала го правам мошне брзо и успешно.
Кои се позитивните и негативните страни кои ги трпи една убава жена во општеството?
За жал, сеуште постојат злонамерници, ама жената се повеќе докажува дека убавината, знаењето, успехот, професионалноста и тоа како одат заедно и добро функционираат.
Што мислите за модниот бренд Елена Лука?
Тешко е да се опише со зборови. Една девојка или жена треба да облече модел на Елена Лука за да види и почувствува каква трансформација и сатисфакција ќе доживее.