Јована Филиповиќ го виде Париз пресликан од списание

Интервју со •
1 април 2015

DSC_9537-11

Големиот моден месец заврши, но впечатоците не стивнуваат. Сè уште зборуваме за трендовите што ги видовме во четирите модни метрополи, за новите, но и стари работи...

Впечатоците не стивнуваат ниту кај нашата дизајнерка Јована Филиповиќ, а и со право. Таа беше дел од изложбениот простор (шоурум) BE NEXT Paris кој се случува два пати годишно за време на модната недела во Париз, каде се претстави со своја колекција.

Јована е повторно во Скопје, па го искористивме моментот да ја прашаме за впечатоците што ги носи од искуството од оваа модна метропола:

jovana-1-438x650

-Да се биде во Париз за време на модната недела мислам дека е желба на секој дизајнер. Тогаш градот буквално дише во знакот на модата.  Каде и да отидете ќе видите некоја модна икона, некое модно случување. Забавно беше да пиеш кафе на улица и покрај тебе да поминуваат Џастин О'Ши и Вероника Хајлбрунер фатени за раце, а пред само некој ден си седел во своето студио во Скопје и си читал за нив во Vogue.  Следниот ден некој од истото тоа списание го гледаш во шоурумот и притоа го интересира од кај потекнуваш, која ти е инспирацијата, и сл.  Да, лудо сосема! – искрена е Филиповиќ.

Таа додава дека ова претставување во шоурумот пред сè ѝ донело големо искуство:

- За една недела научив толку многу работи во врска со изработка на колекциите, нивно претставување, продавање и слично.  Остварив лични контакти со купувачите (fashion buyers), модните новинари и блогери.  Да, за дел од дизјанерите тоа и не претставуваше нешто ново, меѓутоа кога доаѓате од земја како што е Македонија, каде што модата толку полека се развива, секое вакво излегување надвор од Македонија, значи поместување на сопствените граници и поставување на нови.

10409305_10205248062134707_4137276370478159841_n

Во контекст на тоа, дизајнерката била воодушевена од тамошниот прием и фидбек:

- Искрено кога велгов по просторијата каде што се одржуваше шоурумот сите бевме како една колема колекција. Тоа значеше дека организаторката Софиа внимателно ги имаше одбирано сите дизјанери и точно знаеше кој каде треба да стои, какви колекции има и сл. Сите бевме исти во тој еден простор.  Ми се допадна тоа што новинарите од Vogue.it, Style.com, ASVOFF доаѓаа до секој дизјанер посебно и дискутираа за колекциите. Diane Pernet, Herve Leroux , Sara Mainoбеа само дел од пристутните на шорумот, кои исто така се интересираа за сите коелкции поединечно, од каде потекнува дизјанерот, која му е инспирацијата и слично.

За потребите на ова претставување, Јована мораше да скокне цела сезона кога е креативниот процес во прашање.

-Бидејќи на самиот Paris Fashion Week се презентираа колекции за есен-зима 2015/2016, морав и јас да ја презентирам истата. Тоа значеше бувално да прескокнам цела сезона (Пролет-Лето), поради тоа што не многу одамна, во Октомври на Моден Викенд Скопје ја презентирав колекцијата за есен-зима 2014/2015.   Колекцијата црпи инспирација од неофутуризмот, правец во архитектурата, затоа и самата колекција е чиста, минималистчка и на моменти и футуристичка.

На прашањето дали успеала да види некоја од ревиите од програмата на PFW, Филиповиќ вели:

10384659_10205082549396992_4626481212358712748_n

-Хаха... Не. Речиси сите ревии беа само со покана.

Сепак, да се биде дел од ова модно случување според неа, не може да се опише со зборови, може само да се почувствува.

Со оглед на тоа дека Париз е инспирација за многумина, ниту Јована не е исклучок, особено после оваа посета.

-Сè ме инспирираше во врска со Париз!  Шоурумот,  луѓето, културата, малите улички и мирисот на мода помешан со кафе. Но за да направам колекција со француска нота мислам дека ќе морам да го посетам уште еднаш, во некој потопол период – вели Јована.

Но и после ова големо случување во нејзиниот живот и кариера, дизајнерката не прави пауза.

-За брзо време ме чека учество на уште еден шоурум, презентација на нова колекција во Македонија, и уште доста интересни и нови соработки кои ќе ви ги откријам со тек на време.

Ја очекуваме.

Објавено:
1 април 2015
bool(false)