Моден бренд

Март во ЕЛЕНА ЛУКА – Месец на венчаници

Интервју со
ЕЛЕНА ЛУКА
28 февруари 2023


 

Март во ЕЛЕНА ЛУКА добива уште една убава симболика...

Март е месец на венчаници во ЕЛЕНА ЛУКА, обоен во бело – во сите нијанси на раскошот, невестинската убавина и грациозност.

Март е месец во кој идните невести во ЕЛЕНА ЛУКА ќе се чувствуваат како во бајка, токму онака како што секоја од нив заслужува.

Да се пронајде вистинската венчаница, понекогаш може да биде сериозен предизвик – Кој е вистинскиот модел? Дали е соодветен за мојата фигура? Колку е во релација со мојот личен стил? Се редат низа прашања кои си ги поставува идната невеста во таа возбудлива потрага по идеалната венчаница. И на крајот си го поставува прашањето, постои ли воопшто иделната венчаница?

Да!

Кога соработувате со стручен тим кој ќе се погрижи за секој детаљ да го добие вистинското место, кој за вас ќе го дизајнира совршениот крој што ќе ја истакне сета ваша грациозност, кога ќе се направи селекција на најпрефинети ткаенини, кога зад вашиот невестински изглед застанува етаблиран бренд – одговорт е ДА, идеалната венчаница постои.

Во пресрет на сезоната на свадбени свечености, во ателјеата на ЕЛЕНА ЛУКА во Скопје и Струмица, идните невести ќе ги пречека фантастичен избор на венчални фустани, секој со своја посебна приказна, а заеднички обединети со луксузот како препознатливост на брендот.

Елегантни, романтични, авангардни, гламурозни, неконвенционални, безвременски, трендовски – совршената венчаница ја очекува својата совршена невеста во ЕЛЕНА ЛУКА.

Март во ЕЛЕНА ЛУКА – месец на венчаници, раскош и попусти

Овој Март добива уште поголема ексклузивност во ЕЛЕНА ЛУКА бидејќи брендот на идните невести им обезбедува големи попусти!

Со сите новосклучени договори во текот на целиот месец, идните невести добиваат 30% попуст на венчаницата изработена специјално за неа.

Март ќе биде и месец на 20% попуст на уникатни венчаници од претходните колекции на ЕЛЕНА ЛУКА и 10% попуст на сите изложени венчални фустани во ателјеата на модната куќа.

Многу причини овој Март идните невести да го поминат во друштво на ЕЛЕНА ЛУКА.

Посетете ги ателјеата на брендот во Скопје и Струмица, а информирајте се и за сите актуелни тенденции и промоции на нивниот сајт www.elenaluka.com и на нивните профили на социјалните мрежи Фејсбук и Инстаграм.

Објавено:
28 февруари 2023
object(stdClass)#529 (8) { ["nid"]=> string(5) "29878" ["ga_count"]=> string(4) "1174" ["ga_count_week"]=> string(1) "0" ["ga_count_day"]=> string(1) "0" ["ga_count_start_date"]=> string(10) "1436911200" ["ga_count_week_start_date"]=> string(10) "1690668000" ["ga_count_day_start_date"]=> string(10) "1691100000" ["fb_count"]=> string(1) "0" }
Прочитано:
1.174 пати