модни блогерки

Модни блогерки со големи дизајнерски планови

Интервју со
Aesthetics Illustrated
31 август 2015

Доколку обожавате мода и постојано ги следите објавите на македонските блогерки, тогаш сигурно сте ги погледнале и уникатните девојки од Aesthetics Illustrated. Зад блогот стојат оригиналните Вера и Искра, кои покрај црвените коси, ги спојува и љубовта кон дизајнот и комбинирањето на секогаш поинакви парчиња. Покрај тоа што се одлични во комбинирањето различни стилови, тие се подеднакво добри и во модното илустрирање. Денеска е вистинско време подобро да се запознаеме со овие две девојки кои вистински и од срце сакаат да бидат модни дизајнерки, а ние им ја посакуваме сета среќа! 

Како почна приказната на Aesthetics Illustrated и што всушност се крие зад името на блогот?

Уште кога се запознавме сакавме да правиме нешто заедно. Многу долго го одолговлекувавме почетокот на блогот, за на крај да седнеме и да го направиме и објавиме во ист ден. Зборот Aesthetics ни беше must have, а тоа illustrated некако спонтано ни дојде, бидејќи планиравме да работиме со илустрации. 

На што најмогу се фокусирате на вашиот блог?

Естетика во модата и модната илустрација. Се фокусираме на нашите квалитети т.е. на дизајнирањето и правењето облека, истакнување на нашиот личен стил и илустрирање на истиот. 



Какви се Вера и Искра приватно, без што не минува вашето секојдневие?

Искра: Себе си се сметам за едноставна и опуштена личност која сака слободното време да го поминува со семејството, пријателите. Не можам да функционирам без добра музика и чаша топло кафе. 

Вера: Мислам дека сум најголемиот ентузијаст на светот и никако не можам без Инстаграм, се будам и заспивам со него. 

Се заработува ли од блогерството во Македонија?

Искра: За жал блогерството сѐ уште не е доволно развиено во Македонија, па поради тоа и не може финансиски многу да се заработува, но сигурна сум дека во иднина тоа ќе се промени. 

Вера: Се заработуваат многу познанства, дружење и убави моменти, за друго ќе почекаме. 

Кои се вашите омилени светски блогерки?

Вера: Ванеса од  thehautepursuit.com, Искра ми ја откри пред некој месец и сега не можам да се откачам од неа! 

Искра: Ванеса е една и од моите омилени, но морам да ја споменам и Кјара Ферањи како и блоговите  shinebythree.com и happilygrey.com. 

Сметате ли дека ќе дојде време кога и македонските блогерки ќе добиваат големи суми на пари за соработки со конкретни брендови?

Заради глобализијата најверојатно и македонските блогери ги чека светски третман. Се надевамe дека и многу македонски брендови, кои се навистина добри, ќе станат светски, па ќе не ангажираат да ги промовираме. 



Кои ќе бидат клучните есенски трендови според вас?

Чизми над колена, шлицеви и високи јаки. 

Кои се вашите најголеми предизвици?

Вера: Најголем предизвик ми е да научам да го користам времето правилно, без да го трошам на непотребни грижи. 

Искра: Во моментов еден од најголемите предизвици како и најголема желба ми е да влезам во дизајнерските води. 

Кои се вашите омилени македонски дизајнери?

Немаме омилени, ги делиме на добри и лоши. 

Која е тајната на добрата фотографија?

Добра организација на елементите во просторот и користење на светлината. За тоа или имаш сенс или читаш типс на гугл. 

Какви се вашите идни планови, останувате во блогерството или можеби повеќе ќе се концентрирате на дизајн?

Вера: Немам план да ја напуштам блогерската кариера, a дизајнот ми е предизвик . Изгледа ќе мора да ги комбинирам двете. 

Искра: Дефинитивно и јас продолжувам со блогирањето, а дизајнот е нешто што сметам дека лесно ќе се вклопи со тоа.

Црвените коси заеднички заштитен знак или...

Многу луѓе ни го поставуваат ова прашање, неочекувано црвените коси ни станаа заштитен знак. И двете веќе долго време сме црвенокоси, па не би било чудно во блиска иднина тоа да се смени. 

Објавено:
31 август 2015
object(stdClass)#485 (8) { ["nid"]=> string(5) "11879" ["ga_count"]=> string(4) "2266" ["ga_count_week"]=> string(1) "0" ["ga_count_day"]=> string(1) "0" ["ga_count_start_date"]=> string(10) "1436911200" ["ga_count_week_start_date"]=> string(10) "1680732000" ["ga_count_day_start_date"]=> string(10) "1680732000" ["fb_count"]=> string(3) "354" }
Прочитано:
2.266 пати