Моден креатор

Нова колекција венчаници на Елена Лука – љубов на прв поглед

Интервју со
Елена Лука
21 февруари 2018

Секој венчален фустан зад себе има посебна приказна во која се раскажуваат неповторливи моменти, незаборавни спомени проткаени со еден заеднички именител: љубов. Затоа венчаницата има посебно сентиментално значење за секоја невеста. Токму таа единствена и уникатна приказна е централната тема во ателјето за венчаници на нашиот моден бренд Елена Лука.

Тука соништата на сите идни невести се огледуваат во реалноста, олицетворени преку уникатни и бајковити венчаници. Новата колекција венчаници за 2018 е љубов на прв поглед, а тоа беше вистински повод да го посетиме ателјето за венчаници на Елена Лука.

Елена Лука

„Венчаницата има непроценливо и драгоцено значење за секоја невеста. Таа сведочи за еден од најубавите моменти во нејзиниот живот и со себе носи една вонвременска енергија која секогаш кај невестата треба да ги разбуди позитивните емоции. Тоа е нашиот мотив и појдовна инспирација кога во ателјето на Елена Лука ги креираме венчаниците за нашите невести. Секоја носи свој посебен сензибилитет што ние го преточуваме во уникатна креација – префинета и раскошна венчаница", вели Елена Лука.

Новата колекција венчални фустани од Елена Лука за 2018 година, ќе биде промовирана во рамките на претстојниот Саем на венчавки, што ќе се одржува од 23-ти до 25-ти февруари во „Александар Палас".

 

„Редовно секоја година го поддржуваме Саемот за венчавки, така и годинава ќе имаме свој изложбен простор каде сите идни невести се добредојдени, непосредно да ја погледнат новата линија венчаници за која морам да кажам дека е една вистинска, раскошна бајка. Заедно со мојот професионален тим ќе им помогнеме на сите идни невести да ја пронајдат својата идеална венчаница во која ќе се препознаат себе си, својот карактер и личен стил", додава Елена Лука.

Елена Лука во подготовки со Тијана Дапчевиќ

Тијана Дапчевиќ ќе ја носи уникатната креација на Елена Лука на модната ревија во рамките на Саемот за венчавки, а исто така таа ќе биде стилизирана во креација на брендот на претстојната Златна Бубамара...

Во однос на естетиката на новата колекција венчаници со дизајнерскиот потпис на Елена Лука, акцентот е ставен на уникатниот дизајн преку кој секој венчален фустан носи свој автентичен сензибилитет.

„Она што е заедничка карактеристика на сите венчаници од новата колекција, е нивната неповторлива магија, авангардниот доем што го оставаат како печат. Секоја венчаница сама по себе е едно уметничко дело во кое е отсликано изостреното чувство за естетика и препознатливиот дизајнерски пристап на Елена Лука. Секогаш посветуваме исклучително внимание на изборот на раскошни и висококвалитетни материјали во кои секоја невеста ќе се чувствува посебно. Врвната рачна изработка и впечатливите детали со кои му се дава силен визуелен печат на секој невестински изглед, е она по што ние како бренд сме препознатливи", ни потенцира г-ѓа Елена.

Суштински значаен момент при изборот на венчаница, е таа да биде одраз на индивидуалноста на невестата, но истовремено и да биде соодветна на нејзината телесна конституција. Во таа насока, Елена Лука советува:

-Секогаш во Елена Лука посветуваме должно внимание на нашата релација и комуникација со невестата. Пред да ја одбереме идеалната венчаница, ги запознаваме нејзините лични афинитети, стилски преференции, каков е нејзиниот животен стил и имиџ, но исто толку значајно е и да се пронајде соодветниот крој на венчаница што перфектно ќе одговара на нејзината фигура. Токму затоа, и во оваа нова невестинска линија на Елена Лука, застапени се венчаници во различни кроеви со различен карактер. Романтичните венчаници со суптилна А линија се една безвременска класика која секогаш доаѓа во идеален спој со богата тантела, исто како и венчаниците во „принцеза" стил со корсетиран горен и волуменозен долен дел. „Винтиџ" венчаниците што го носат гламурот на стариот Холивуд се една навистина отмена варијанта која сметам дека и оваа година ќе испровоцира големо внимание кај модерните невести. Во новата линија имплементиравме и венчаници што носат еден нов, современ дух прикажан преку разиграната игра на кроевите и комбинацијата со везови и транспарентни материјали. Во креирањето на неконвенционални венчаници, имаме особено креативен пристап и слободен простор да го потенцираме артистичниот карактер на дизајнерската професија, па идните невести ќе имаат можност да видат и неколку навистина авангардни венчаници што носат една посебна, уметничка енергија. Ве поканувам во ателјето за венчаници во Елена Лука, како и на Саемот за венчавки, заеднички да ја креираме најсовршената венчална бајка.

За новата колекција венчаници за 2018 година, Елена Лука направи интересен фото едиторијал преку кој ви го пренесува карактерот на секоја венчаница посебно. Дел од фотографиите може да погледнете во фото галеријата во продолжение.

 

Објавено:
21 февруари 2018
object(stdClass)#517 (8) { ["nid"]=> string(5) "18514" ["ga_count"]=> string(4) "2663" ["ga_count_week"]=> string(1) "0" ["ga_count_day"]=> string(1) "0" ["ga_count_start_date"]=> string(10) "1436911200" ["ga_count_week_start_date"]=> string(10) "1690668000" ["ga_count_day_start_date"]=> string(10) "1690754400" ["fb_count"]=> string(1) "0" }
Прочитано:
2.663 пати