Перо Антиќ: Сакам квалитетни часовници што ќе им ги оставам на синовите!

Интервју со •
13 април 2015

Кога ќе договорите сликање на парчињата од плакарот на еден кошаркар што имено е висок 2.10, можеби имате некакви очекувања, но верувајте дека на изненадувањата им нема крај! Првиот Македонец што потпиша договор со НБА, Перо Антиќ за прв пат го отвори својот плакар за јавноста, а ние ја имавме честа да го посетиме неговиот дом во Скопје каде и бевме сведоци на голем број панталони, џемпери, тренерки и многу чифта чевли! Хармоничниот дом во кој тој живее заедно со неговата сопруга Ружица и синовите Лука и Павел, дефинитивно е вистински рај за сите обожаватели на патики и спортска опрема, бидејќи токму таму, ќе го најдете секој модел на кој можете да помислите. Благодарение на нивната гостопримливост, уште еднаш се потврди дека тој е неверојатен колекционер на патики, страстен обожавател на електронски „гаџети“, дизајнерски парчиња, но и квалитетни и скапи часовници за кои ќе каже дека ќе им ги остави на неговите наследници – Лука и Павел. Во продолжение, ќе дознаете нешто повеќе за тоа во каков стил е вљубен Перо надвор од терените на НБА лигата, што најмногу сака да купува, но ќе дознаете и неколку стилски совети од прва рака!

Оваа среќна среда, одвојте малку време и уживајте во едно поинакво издание од големиот Перо Антиќ!

Кои се Вашите стилски икони?

Немам некои посебно, ми се допаѓа стилот на повеќе јавни личности, но далеку од тоа дека ми се стилски икони. Стилот е исклучиво поврзан со карактерот и е многу индивидуален.

Зошто повеќето спортисти (кошаркари) обожаваат патики во јаки бои?

Да, тоа од пред некоја година е тренд, ги носат спринтери, кошаркари и многу други спортисти. И јас имам неколку модели, едноставно е, воочливи се и публиката ги сака.

Дел од колекцијата на Антиќ... Дел од колекцијата на Антиќ...

Кое е она парче што најмногу сакате да го носите, нешто по што сите Ве препознаваат?

Па тоа се моите патики, слободно можам да кажам дека сум колекционер. Ги имам скоро сите стари и нови модели. Порано ми беа слабост „џорданките“, а сега има и многу други кошаркари чии што модели со задоволство ги носам.

Колекцијата „џорданки“ на Перо Дел од колекцијата „џорданки“ на Перо

Сакате ли дизајнерска облека и кој е Вашиот омилен дизајнер?

Дизајнерска облека обожавам, особено сега кога сум во Америка, буквално од сѐ има број и можам да си купувам. Најубави костими дефинитивно имаат Dolce and Gabbana, патики купувам од Louis Vuitton, а ми се допаѓаат ранците на Gucci од кои веќе имам два, бидејќи се и многу практични. Од американските дизајнери ми се допаѓа и Steve Madden и со задоволство купувам парчиња од неговиот бренд.

Ранец од колекцијата на  Гучи... Ранец од колекцијата на Гучи...

Кој е Вашиот најголем критичар кога станува збор за стилот и примате ли сугестии?

Па сопругата се обидува од време на време, но сепак мојата одлука е последна, бидејќи точно знам што ми стои и најважно од сѐ ми е, секогаш да се чуствувам удобно во тоа што го носам.

Сѐ уште ли кошаркарите се поврзуваат со ултра широката облека или пак нешто се смени во последниве години?

Тотално сѐ е сменето, ако порано се знаеше дека кошаркарите се облекуваат во два броја поголеми парчиња, а фудбалерите во два броја помали, сега веќе нема правила. Повторно ќе кажам, секогаш најважни се стилот и индивидуалноста.

Каков е вашиот стил приватно, надвор од теренот во НБА лигата?

Сакам удобни и опуштени парчиња. Немам некој класичен спортски стил, но ниту модните трендови не ги следам нешто многу. Сакам безвременски парчиња. Добри фармерки,квалитетен џемпер и дизајнерски патики е мојот избор скоро секој ден.

Обожавател ли сте на модни додатоци и што најчесто сакате да носите?

Без часовник ретко излегувам од дома. Сакам квалитетни и скапи часовници што ќе останат за моите синови. Имам неколку модели што се безвременски и ќе им бидат супер спомен од мене. Повеќе сум љубител на технолошки „гаџети“ како слушалки, таблети и слично, отколку на класичен машки накит. Имам торби, ранци кои ги менувам во зависност од облеката, бидејќи имаме дури по 3-4 летови неделно.

Кое е според вас парчето што никогаш нема да излезе од мода и што секој маж мора да го има во својот плакар?

Квалитетни фармерки што добро ќе му стојат и што буквално ќе може со сѐ да ги носи.

Кој е најдобриот стилски совет што сте го добиле досега?

Никогаш не купувај нешто што не си сигурен дека ти се допаѓа.

Костим и патики – да или не?

Да, има цела линија патики исклучиво за костими. Често ја носам оваа комбинација, но не со познатите бели air max патики, туку со потемна нијанса.

Чифт патики на кои Перо ги има испишано имињата на неговите синови Лука и Павел Чифт патики на кои Перо ги има испишано имињата на неговите синови Лука и Павел

Што е она што го прави мажот вистински џентлмен?

Па тоа не се учи, или си роден како џентлмен или не, со сила не се станува. Тоа е стил на живот, за себе си таков, не се трудиш да бидеш џентлмен за други.

Објавено:
13 април 2015
bool(false)