Трансформациите што се случуваат паралелно со менувањето на општествениот, културолошкиот и економскиот лик на нашето современо живеење, носат и нова статистика и глобална слика во бизнис сферата. Глобалните промени што се случуваат, се рефлектираат и врз бизнис амбиентот на нашето локално и нациопнално ниво, а една од таквите промени е значително зголемениот број на жени претрпиемачи на клучни позиции во домашните компании. За сите предизвици, проблеми со кои се соочуваат, но и бенефитот и сатисфакцијата да се биде жена-претприемач во услови на актуелната состојба на домашниот пазар, разговаравме со три успешни и амбициозни жени-претприемачи што раководат со комапнии што произведуваат исклучително македонски производи.
Нашите соговорнички: Љубица Атанасова, менаџер на брендот La Dama, Хилда Ристова, раководител во компанијата „Херафарм“ и Славица Миладинова, менаџер во семејната компанија „Кимико“, од своја перспектива со Fashionel го споделија своето лично искуство за прашања што се од суштинско значење за позицијата на жената во домашниот бизнис сектор.
ПРОФИЛ НА КОМПАНИИТЕ
La Dama
Од 1992 година, семејната компанија Л-Д Колант перманентно вложува во својот квалитет и развој и создава македонски производи со светски предзнак што допира до естетиката и квалитетот на глобалните брендови од овој ранг.
Со богато портфолио на производи (голем избор на хулахопки и чорапи за различни генерации, жени и девојки со различна телесна конституција, како и за plus-size таргет групата) достапни на повеќе од 600 продажни места низ целата земја, оваа компанија создава свој моден бренд кој целосното заслужено внимание им го посветува на македонските жени.
Во постојан траг на потребите и барањата на жените, а истовремено и во паралелен чекор со современите трансформации на пазарот, во мај минатата година компанијата го лансираше брендот La Dama, како современа рефлексија на безвременската производна традиција.
La Dama е современото лице на компанијата што ги имплементираше технолошките иновации и естетските новитети, а притоа ги задржа гарантираниот квалитет, професионалната изработка, допадливоста и софистицираноста на своите производи.
Профилирана како женска компанија која го следи успешното водство на две жени: Мара Атанасова и нејзината ќерка Љубица, безрезервно поддржани од машката половина на семејството, симболично и директно упатува на тоа дека оваа нераскинлива релација создава бренд што најдобро ги познава жените и нивните естетски потреби.
Херафарм
Подготовките за работа на релативно новата компанија „Херафарм“ од Радовиш почнаа во март 2012 година, со набавка на машини за производство, соодветни за стандардите за безбедна храна. Во ноември 2013 година „Херафарм" ја лансираше првата линија на билни чаеви ХЕРАВИТА (камилица, нане, коприва, хибискус и шипка со хибискус), а во јануари 2014 година беа лансирани и овошните чаеви Heravita (јаболко со цимет, јагода со ванила, портокал, шумско овошје, дива цреша и боровинки).
Објектот на „Херафарм" е со површина од 700 квадратни метри и е опремен со производствен, магацински и канцелариски простор. Месечниот капацитет на производство е 6.000.000 филтер-ќесички, а бројот на вработени во автоматизираниот погон моментално изнесува 8, со тенденција за зголемување. Билните и овошните чаеви ХЕРАВИТА во моментот се пласирани на домашниот пазар и се извезуваат во Албанија. Компанијата е во интензивни преговори и со дистрибутери од европските и светските пазари.
„Произведуваме чаеви под брендот ХЕРАВИТА наменети за целата популација од билни кои ги консумираат децата и возрасните до овошни кои се консумирани од младата популација.Чаевите се приготвуваат од внимателно одбрани видови на билки со висок квалитет,без пестициди ,адитиви и конзерванси.
Логото кое го носат чаевите на ХЕРАФАРМ означува од каде доагаат билките од кои се подготвуваат чаевите,а слоганот ,,биди едно со природата,, е спој мегу потрошувачите и дарежливата, магична природа“, вели менаџерката име.
Кимико
Брендот Кимико е семеен бизнис што е лансиран на пазарот во 1989 година. Во текот на својот развој претрпувал измени, дополнувања и прилагодувања кон состојбите на пазарот, но никогаш не отстапил од основната цел, произведување на облека која ја носите во часовите на релаксација и одмор.
„После завршување на студиите на Архитектонскиот факултет во Скопје многу лесно се пронајдов себе си проучувајќи го начинот на создавање на парчиња облека која ќе ги задоволи потребите на едно семејство, почнувајќи од новороденчињата, децата, жените и најпребирливите, мажите“, вели Славица Миладинова, менаџер во семејната компанија.
Целта на оваа македонска компанија е да се скрати времето кое би го потрошиле шетајќи во специјализирани продавници за одредени таргет групи како би пронашле соодветно парче кое најмногу ви одговара во секој поглед.
Во асортиманот влегуваат: долна облека, пижами за сите возрасти како и облека која се користи за џогирање и облека за релаксација во домашни услови.
„При изборот на материјали водиме грижа истите да бидат квалитетно произведени, при нивното производство да не се користени препарати кои предизвикуваат алергии, а во исто време да бидат доволно удобни и секако да ги следат светските модни трендови“, додава Славица.
Што значи да се биде жена-претприемач во атмосфера на домашниот бизнис сектор?
Со нашите соговорнички отворивме тема која би требало да ни ја доближи актуелната ситуација во домашниот бизнис сектор и каде се позиционирани жените во истиот.
„Видете, кога зборуваме за претприемништво не постои разлика врз основа на половата припадност. Вашиот пол не го означува Вашиот успех како претприемач. Да се биде добар претприемач значи да се има инцијатива, будно да се следат случувањата во бизнис секторот и да знаат да направат добра комбинација од сопствената интуиција и логиката т.е. бизнис анализата за да превземат одредени чекори во одреден период. Дали личноста има претпримачки способности или не, не зависи ниту пак е ограничено од полот на кој припаѓа таа личност, туку од претварањето на сопствената амбиција во дела“, вели Љубица Атанасова потенцирајќи на визионерскиот дух и личните претприемачки способности, независно од полот на личноста.
На оваа тема се надоврзува и Хилда Ристова која става акцент на препреките со кои се' уште се соочуваат жените во деловниот свет, како што се родовата дискриминација и социо-културолошките ставови.
„Иако мажите како и жените се соочуват со потешкотии во воспоставувањето на едно претпријатие , жените имаат одредени пречки кои треба да ги надминат. Меѓу нив преовладуваат негативните социо-културните ставови, практичните надворешни пречки и лични тешкотии.Негативните ставови често се врз основа на родова дискриминација, т.н. родова пристрасност. Во соочувањето со различните засегнати страни поврзани со својата компанија - како добавувачи, банкари или клиенти - жените често страдаат од низок кредибилитет. Некои мажи имаат негативна перцепција на жените како сериозни бизнис луѓе; Покрај тоа, жените понекогаш се попречени од страна на владините закони и институционалните политики кои го рефлектираат овој став, што кај нас мислам дека овој проблем станува минато“, вели Ристова.
Според неа, бројот на жени претприемачи е во значителен пораст и е релативно нов феномен, па жените имаат неколку примери и мала можност за наоѓање женски ментори.
„Глобализацијата на пазарите и на конкуренцијата, новата технологија, и моменталната комуникација носат со себе, невидени промени. Ова не принудува да се "откриеме" самите себе, да донесеме нов модел на управување, кој се поистоветува со лидерските особини на жените претприемачи“, го образложува и својот позитивен поглед кон иднината менаџерката на Херафарм.
За позицијата на жените во амбиентот на актуелното бизнис опкружување, според Славица Миладинова жената е таа која самата треба да се избори и да им одговори на сите предизвици па и препреки.
„За да го најде своето место во општеството како жена претприемач треба да имате голема самодоверба за тоа што го работите, да бидете упорни, подготвени да се соочите со сите предизвици што ги носи оваа професија, да бидете вешти во управувањето, а во исто време да ги поседувате сите карактеристики на еден квалитетен лидер и менаџер“, вели Миладинова.
Со какви предизвици се соочувате како жена-претприемач?
Не постои успех и прогрес во работата, без предизвик. Токму одговорот на предизвиците се и реперот на нашиот развој, независно во која сфера функционираме. Со нашите соговорнички зборувавме и за нивните предизвици, во нивното секојдневие и на нивното работно место.
„Во секоја работа има предизвици и самото тоа што сме решиле да предводиме една фирма без разлика на големината на истата се судруваме со предизвик да ја оддржиме фирмата на пазарот. Мислам дека во периодот кога е основана нашата фирма (1992 година), мојата мајка се има соочено со многу повеќе предизвици како жена претприемач за разлика од предизвиците со кои што се соочувам јас во денешно време. Секако докажување на сопствениот кредибилитет како претприемач се уште се јавува како предизвик во одредени структури, но со самиот факт дека жените земаат се поголем замав во бизнисот тоа полека изумира. Тесно поврзано со ова е и прифаќањето на жената-претприемач како авторитет, за жал се уште се судруваме со стереотипи „жена е за во кујна“.
Еден друг предизвик со кој што често се судрувам како жена-претприемач на македонска компанија е и константната борба да се докаже дека македонските производи се со добар квалитет ако не и подобри од некои увозни производи“ вели Љубица Атанасова која укажува на еден суштински временски прогрес во сферата на претприемништвото и на подобрените услови за развој во денешно време споредено со минатото. На крајот од денот, оваа амбициозна бизнис жена укажува на сатисфакцијата која секојдневно ја ужива постигнувајќи нови успеси и одговарајќи на нови предизвици, а сето тоа не поминува незабележано од околината, односно деловните партнери и клиентите пред се'.
Од свој аспект пак, менаџерката на Херафарм конкретизира пет точки на оваа тема:
- Културната вредност – за да се надмине овој претприемачки предизвик мора да бидеме подготвени за пробивање на ограничувањата и мора да се држиме до она во кое веруваме.
- Општествената дискриминација - динствено решение за справување со предизвикот на општествената дискриминација е да се развие отпор кон критиката. Стоп за гледање на вашиот женскиот пол како слабост; да се гледате како сила, и да ја докаже себе си стремејки се да да ги надминете вашите машки конкуренти.
- · Недостаток на доверба на инвеститорите
- балансирање бизнис и семејство- жените претприемачи се соочуваат со балансирање на бизнисот и семејството. Жените природно се столбот на семејството; тие се блокови во зградата на кое се гради фондацијата на семејството. Толку често пати, жените претприемачи се наоѓаат растргнати помеѓу посветеност на семејството и бизнисот.
- Стресот поради конкуренцијата и бизнис рутина - Како жени во бизнисот, може да се судриме со конкуренцијата и исполнување на нашите бизнис задачи; и ова може да доведе до замор. Кога ќе се соочиме со таков предизвик, мораме да ја користи уметноста на управување со времето.Помалку битните деловни задачи да ги препуштиме на друг и да се концентрираме повеќе на клучните прашања.
Славица Миладинова во соочувањето со предизвиците, во предвид ги зема и околностите кои директно не се поврзани со нашите лични способности, односно општествената ситуација.
„Да се има сопствен бизнис, или подобро кажано успешен бизнис е сон на секој бизнисмен, но тоа во денешно време, во нашава мала држава е многу тешко.
Тешкотиите во водењето на бизнисот се среќаваат на секој чекор, од обезбедување на поволно кредитирање мал пазар и ниска куповна моќ на населението. Од друга страна тука е и нелојалната конкуренција која влегува во земјата неконторолирано. И покрај сите тешкотии желбата за создавање македонски производ е многу посилна и во такви услови рамо до рамо се бориме со светските модни корпорации кои се се повеќе присутни и на нашиве простори. Идеите ги носиме во себе, но за нивна целосна реализација треба многу време и упорност“, вели менаџерката во Кимико.
Кои се бенефициите, а кои се негативните страни да се биде жена на водечка позиција на домашниот пазар?
Независно на која работна функција се наоѓате, секогаш постојат позитивни и негативни страни. Кај жените кои се на клучни позиции во домашните компании можеби тоа е поинтензивно и дополнително повеќе изразено со оглед на одговорноста што ја носи работната позиција.
„Самиот факт дека сме жени е бенефиција. Жените имаат докажани организациони способности и истражувачки способности. Уште во дамнешните времиња жената се јавувала како организатор на домот и снабдување на истиот со намирници. Така што организирање на внатрешното опкружување и истражување на надворешното ни се некако вродени способности. Меѓу други бенефиции е самиот факт што во последните години женското претприемништво доби доста на популарност и истото е поддржано од одредени невладини и владини организации. Имаме проекти што се наменети специјално за жени претприемачи. Но, нивната недоволна (не)достапност можам да ја спомнам како една негативна страна на која што треба да се работи дополнително за жените претприемачи да можат да аплицираат и да реализираат проекти поддржани од одредени институции. Друга негативна работа е балансирањето на личниот и бизнис животот, нашето општество се уште налага дека жената е таа што се грижи за домот и семејството и со самите обврски што ги имаме како жени претприемачи и борбата за подбро место под сонцето многу често се јавува проблемот за небалансиран личен и бизнис живот. Докажувањето на сопствениот кредибилитет и авторитет како претприемач како што спомнав претходно исто се јавува како негативна страна која што наметнува дополнителен труд“, објаснува Љубица Атанасова која секогаш има мотив повеќе во своето работно секојдневие покрај другото и од дополнителното охрабрување од нејзините задоволни клиентки, вели Љубица Атанасова.
Исполнувањето на очекувањата на потрошувачите е најголемото задоволство и бенефит и за Хилда Ристова.
„Во денешното потрошувачко општество, каде потрошувачот го има последниот збор, сите се обидуваме да ги задоволиме неговите потреби ,да одговориме на неговите желби и да ги спакуваме во совршен производ. Мојот најголем бенефит е задоволството на потрошувачот да консумира безбедна и здрава храна во нашиот случај чаеви – производ што ќе ги задоволи потребите и желбите за кои ни самиот потрошувач не знае дека ги има“, вели Ристова.
Овие три дами, кои направиле успешен баланс помеѓу своите менаџерски способности, женската интуиција и условите кои ги нуди домашната бизнис клима, се вистински пример за тоа дека не постои препрека која може да ве обезхрабри доколку имате вистински издржан бизнис план и рационална размисла како да го реализирате, независно од вашата полова или било каква друга припадност. Затоа токму тие нека ви бидат инспирација и апел доколку сте во фаза на размислување со започнување на своја бизнис приказна.