P.S.Fashion - за жени што сакаат да се вистински дами

Интервју со •
9 март 2015

Пред година и пол се појавија на македонскиот пазар, но долгогодишното присуство на српскиот пазар, како и оние од регионот, искуството и препознатливоста, ни дозволува приказната на брендот P.S. Fashion да ја наречеме успешна. Токму затоа го посетивме нивниот бутик во трговскиот центар City Mall, каде со сопственичката Марија Михајлова и тимот поразговаравме за самиот бренд, трендовите, успехот, жените и мажите... Тие велат дека во нивните модели ќе се пронајдат сите жени што сакаат да бидат и се вистински дами, што е уште една причина повеќе да го прочитате разговорот во продолжение:

Како започна приказна на P.S. Fashion?

-Приказната на P.S. Fashion започна уште од 1996 година најпрво во Србија во Чачак, кој за многу кратко време се прошири низ целиот регион со над 400 вработени. Хоризонтите на овој познат бренд се проширија и во Македонија каде специјално за дамите со урбан и забавен стил, P.S. Fashion отвори своја продавница и во Скопје во Skopje City Mall. Првиот роденден во Скопје го прославивме на 2-ри Октомври 2014, за денес да броиме успешни 18 месеци на македонскиот пазар.

Како успевате да го менаџирате бизнисот, а притоа постигнувате да имате животен стил каков што посакувате и на приватно и на деловно поле?

-P.S. Fashion за мене претставува предизвик и вистинско задоволство. Успешната деловна приказна се должи на посветеноста, љубовта и страста кон работата која резултира со одлични резултати. Сакам да работам повеќе работи истовремено, тоа дополнително ме мотивира за на крајот од денот да знам дека работата е успешно завршена. Прекрасно е чувството да знам дека јас сум дел од тој двигател на мојата секојдневна мотивација да бидам сè подобра во она кое што го работам, а тоа е успешна бизнис жена и најдобрата мајка во очите на моето дете.

Марија Михајлова Марија Михајлова

Се чувствувате ли рамноправна во „машкиот свет“?

-Ова е прашање на кое се чувствувам убаво кога ќе ми го постават, како и на секоја друга жена, затоа што ми ласка кога жената е рамноправна и успешна во овој свет за кој се мисли дека е доминантен од страна на машката популација. Познавам многу успешни жени на чии позиции ако ставите маж, работата не би била комплетно завршена. Со сета почит кон мажите, но мислам дека жените и те како се создадени да бидат успешни и да го водат светот.

Според Вас, жената е...?

-Жената е муза, извор на креативност, позтивна енергија, двигател, спој на убавината и талентот, харизмата и шармот. За жената се воделе многу битки низ историјата. Таа е заводничка, уникатна креација на природата. Жената е една и единствена, затоа P.S. Fashion за своја неисцрпна инспирација ја има токму жената. Твори и креира, сè со цел да се прикаже во најдобро издание. Жената сама по себе е убава, но надополнета со вистинското парче облека е неминовно неодолива.

Заштитното лице на P.S. Fashion во Србија е Јелена Томашевиќ, кај нас е Дани Димитровска. Како одлучувате кој ќе биде заштитно лице на брендот?

-Заштитните лица се олицетворение на нашиот бренд. Модерни, убави, извор на енергија и младост. Преку нив ние допираме до сите дами на кои многу добро им е позната нашата порака, а тоа е да бидат свои, да ја следат модата, а сепак сето тоа да има нивен сопствен печат. Така е и со нашите заштитни лица, Јелена и Дани. Тие секогаш знаат што сакаат, тоа што го носат е визија на нивните желби и замисли. Целиот тој концепт е симбол на целокупната P.S. Fashion приказна.

Која е целта и пораката на P.S. Fashion?

-„Бидете вистински дами со P.S. Fashion“ е нашата порака. Целта е сите припаднички на понежниот пол да се чувствуваат удобно, убаво, пријатно и тоа што го носат да ја истакне и најинтригантната убавина кај сите жени, бидејќи на крајот на денот сите жени се убави. Само треба да се пронајде вистинскиот моден тригер да се истакнат најубавите страни. Тоа е нашата примарна порака и цел.

1535763_1449675761918128_74023593_n

Дали уредувањето на просторот на продавницата се прави според франшиза, или пак тимот има слобода при презентирањето на производите?

-Имаме одредена креативна слобода, но сепак го следиме трендот на уредување кое ни доаѓа од Србија, бидејќи сепак насоката во која се движи имиџот на P.S. Fashion треба да единствена. Пораката која ја носи нашиот бренд е иста како за српскиот и така и за македонскиот пазар, така што моделите што ги презентираме се исти. Нашата креативност не ја запоставуваме, напротив ја користиме во секој момент сè со цел да ги задоволиме желбите на нашите дами.

Едни сте од оние брендови што имаат облека за сите конфекциски големини... Токму оттаму, како е замислена P.S. - жената? За кои девојки и жени е наменета?

-P.S. - жената е замислена да биде дама. Големината, висината, годините се само броеви. Нашата приказна е секоја жена да биде убава и привлечна на свој начин. Токму затоа имаме модели со сите конфекциски големини. Кај нас секоја жена се чувствува онака како што заслужува, со стил, самоувереност и грациозност, што е одлика на вистинската жена во секоја смисла на зборот.

Што е важно за една деловна приказна да биде успешна?

-За една деловна приказна да биде успешна, истата треба да им биде блиска на сите оние за кои е наменета. Колку поблиски, толку поуспешни. За мене таа формула е најважна, до сега се покажала со позитивни резултати, а нашата приказна и понатаму ќе се пишува во тој правец.

Оттаму, зошто P.S. Fashion е успешна приказна?

- P.S. Fashion е бренд која совршено се вклопи со реалните очекувања и желби на македонската жена, така што ние се трудиме во секој момент да останеме на иста бранова должина со нивните побарувања. Го чувствуваме нивниот пулс и во тек сме со сите најгласни модни трендови кои се посакувани и побарувани. Искрено, се надевам дека тој експоненцијален тренд на успех ќе продолжи и во иднина.

дел од тимот на P.S. Fashion дел од тимот на P.S. Fashion

Каков е Вашиот личен стил?

-Како мајка и деловна жена,се обидувам да ги комбинирам двете симболики низ моите модни комбинации преку она што е тренди во моментот, со она кое што мене ми стои и на мојата фигура, надополнето со мој сопствен печат. Стојам на тоа дека секоја жена треба да има свој сопствен стил. Ја сакам модата, но не сум нејзин роб. Јас само уживам во благодетите кои таа ги носи. Мојот дрес код е да сум модерна, уникатна, а сепак препознатлива.

Што P.S. Fashion им препорачува на жените за оваа пролет?

-Им препорачуваме да бидат позитивни, да дозволат вибрантните пролетни нијанси да го подобрат нивното расположение и нагласат сопствениот стил. Сепак, светот без мода, убавите модни парчиња и тренди бои би бил многу досаден и празен. Им посакувам да уживаат во боите кои ги носи пролетта, да го носат она во кое што се чувствуваат свои. Ги поканувам сите заинтересирани припаднички на понежниот пол во продавницата на P.S. Fashion во Skopje City Mall и да си го одберат своето ‘must have’ парче за оваа сезона, а нормално и припадниците на посилниот пол, кои се дефинитивно добредојдени да нè посетат и да го одберат посакуваното парче облека за своите сакани.

П.С. Во продолжение погледнете дел од новата колекција што веќе е во бутикот:


Објавено:
9 март 2015
bool(false)