Секојдневните принципи на Џереми Скот низ 12 забавни прашања

Интервју со •
19 јуни 2014

Англиското издание на магазинот Вог, своите најнови содржини ги потполни со кратко и интересно интервју со американскиот дизајнер Џереми Скот кој преку неколку интересни прашања ги открива своите секојдневни животни принципи, правила и ставови.

Што носите денес?

Целосниот стајлинг е сочинет од парчиња со мој потпис. Принт кошула споена со бермуди. Од накит носам драг ѓердан од злато  изработен од стисокот на мојата горна вилица, а на него има дијаманти гравирани со моите иницијали.

Кое беше првото нешто што го прочита денес?

Инстаграм

Вечер помината надвор или дома?

Вечер помината дома. На некој начин сум повеќе по домашната атмосфера.

Која е последната книга што ја прочитавте?

Моментално ја читам биографијата на Волт Дизни. Сега сум до делот кога тој доаѓа до Дизни.

Кој би бил твојот последен оброк на земјата?

Евтина пица со многу калории.

Апликација на која сте „закачени“?

Инстаграм

Што е највредното нешто што го поседувате?

Билет од модното шоу на Исак Мизрахи, потпишан од Стивен Меисел. На крајот на шоуто јас се стрчав кон него и побарав да ми се потпише.

Твојата омилена боја?

Беж и спектарот на виножитото.

Кои се твоите есенцијални предмети?

Јас функционирам со брзина на светлината, затоа до мене мора секогаш да е клучниот  iPhone.

Кое е последното парче облека што сте го купиле?

Не купувам многу, што значи дека сум штедлив. Во Лос Анџелес каде живеам има неверојатни продавници за „секндхенд“ кои ми се омилени за шопинг.

Ако не бевте дизајнер која ќе беше вашата друга професија?

Ќе бев поп-ѕвезда. Всушност, еднаш бев на концерт на Ријана во првите редови, а кога таа се симна во публиката и го подаде микрофонот кон мене, јас не можев да испеам ниту збор.

Кој совет ќе си го дадеш самиот да беше тинејџер?

Следи го срцето.

Објавено:
19 јуни 2014
bool(false)