Вивијен Вествуд: Ништо не доаѓа од вакуум

Интервју со •
11 ноември 2014

Таа е една од најголемите, повеќето бестрашни модни некомформисти. Вивијен Вествуд изгради империја со нејзиниот субверзивен пристап кон облеката. Нејзиното творештво веќе стои поставено дури и во музејот Викторија и Аберт, додека пак специфичните костими претставуваат низа од историски референци. Меѓутоа, она што лежи во сржта на Вествуд е панк-рокот, исткаен од тафта, твид и тартан. Таа фрли светлина врз моќта на модата и уметноста на облекувањето. Во врска со нејзините ставови, животното искуство како врвен дизајнер, значењето на облеката и за уште многу теми, култната британска дизајнерка говори во интервјуто за странскиот портал Style.com.

На прашањето каде се поврзуваат модата и костимографската уметност, дизајнерката објаснува дека двете како целини создаваат сосема поинаков израз, без никакви спојувања.

„ Модата е применета уметност, животна промена што е дел од цивилизацијата. Но, вистинската уметност е имитацијата и имагинативна илузија врзани во едно. Јас не преферирам модата да ја насловувам како уметност, но од друга страна уметноста е занает, а и модата е занает. Ако традицијата е скршена, тогаш морате да најдете техника како замена. Мора точно да се знае како да се манипулира со материјалите за ефектот, за да може да ја знаете вистинската посакувана експресија, вели панк бабата и додава дека единствениот начин да се биде оригинален и да се најде креативна идеја, е да се сврти кон минатото.

„Не можете да бидете оригинални тргајќи од помислата дека чекате да ви „дојде“ нова идеја. Ништо не доаѓа од вакум. Невозможно е да се биде креативен, освен ако се има врска со минатото и традицијата. Не се обидувајте да создадете нешто, освен ако не ги знаете претходните техники и искуства од минатото за конкретната уметност. Постојано треба да се обидувате да го разберете светот во кој живеете и начинот на кој луѓето ги гледаат нештата од минатото, објаснува Вествуд.

Медиумите најчесто и го препишуваат терминот ексцентрична, за кој таа ќе каже дека не и се допаѓа, бидејќи за својот стил и за она што го твори ќе каже:

„Јас сум центарот на мојот изглед. Најважна работа во животот ми е да го разберам светот во кој живеам. Мојата облека секогаш е храбра, без разлика дали тоа е латекс неглиже или корсет од балетски костим. Најважното што треба секој да го знае е –кој е и што сака да биде. Тогаш ќе ја изберете вистинската облека која треба да ја раскаже вашата лична приказна. Никогаш не сум загрижена што луѓето мислат за мене. Создадете сопствена фигура и отстапете од следење на модните тенденции.

Повеќе за мислењата и ставовите на модната бунтовничка Вивијен Вествуд можете да прочитате во нејзината неодамна објавена автобиографија, каде таа пишува и за непријатностите од нејзиниот приватен живот.

Објавено:
11 ноември 2014
bool(false)