Пејачка и студентка на медицина

Вонсериски талент за кој слушна целиот регион – Славица Ангелова: Со ЕЛЕНА ЛУКА чувствувам полна самодоверба на сцена

Интервју со
Славица Ангелова
12 април 2023

Вонсерискиот глас на младата струмичанка Славица Ангелова, ја однесе на најголемите регионални сцени и не требаше многу време за да стане миленичка на балканската публика. Ја запознавме како талентираното девојче кое блесна на детското талент шоу „Неке нови клинци", за низ годините да созрее во вистинска голема надеж на регионалната музичка сцена, настапувајќи и на сцената на „The Voice", а сега е актуелна со големиот успех што го остварува на најпопуларното регионално музичко шоу „Ѕвездите на гранд" каде веќе се пласираше меѓу најдобрите, под менторство на Ѓорѓе Давид.

Како што вели и талентираната Славица, која инаку паралелно е и студентка на медицина, подготовките за еден вака сериозен музички проект бараат исто толку сериозен професионален пристап, што покрај работата на гласот и постојаното надградување, вклучуваат и голем ангажман и околу сценскиот изглед за кој веќе со години наназад е задолжен нашиот етаблиран моден бренд ЕЛЕНА ЛУКА, за крајниот резултат да биде совршен сценски аутфит што истовремено ќе биде прилагоден на песната, на сценската изведба и ќе биде одраз на карактерот и сензибилитетот на младата талентирана пејачка.

И токму во ателјето на ЕЛЕНА ЛУКА во Струмица, каде Славица се подготвуваше за следниот настап, имавме можност да поразговараме со неа. Пред нашиот фото објектив позираше во безвременски елегантен црн макси фустан, акцентиран со авангардни црни транспарентни ракавици со рачни доработки, специјално дизајнирани за нејзиниот следен сценски настап.

Славица, веќе неколку години наназад како буквално растеш на сцената. Учествуваше на некои од најпопуларните регионални шоуа за таленти и без исклучок успеваше да се пласираш во највисоките кругови. Па земајќи го предвид сето ова искуство, на што те научи сцената досега?

-Токму така, од мали нозе застанав на музичката сцена. Имам учествувано во повеќе музички шоуа, кои ме научија на големи искуства. Тоа ми овозможи полесно да ја надминам тремата, а што е уште поважно да стекнам поголема самодоверба која е многу значајна во светот на шоу бизнисот и цврсто да застанам и да се соочам со сите предизвици кои ги носи сцената со себе.

Актуелна си со учеството на „Ѕвездите на гранд" каде важиш за еден од фаворитите. Добиваш голема поддршка и од жирито и од домашната, но и регионалната публика. Какви се твоите лични впечатоци? Се работи за една навистина сериозна продукција и организација?

- Музичкото шоу "Ѕвездите на Гранд" е голем предизвик за секој пејач, се разбира и за мене. Иако веќе сум била на таа сцена, сепак "Ѕвездите на Гранд" е далеку посериозно музичко шоу за кое многумина сонуваат. Бара многу вложување и труд за да може не само да останеш, туку и да се истакнеш на таа сцена. Многу сум среќна што секогаш сум ја имала поддршката од моите најблиски, мојата публика која секојдневно ме наградува со прекрасни коментари, а драго ми е и што успеав да ја добијам и довербата на жирито, но и кај мојот ментор кој несебично ми ја дава поддршката.

Твојот ментор е Ѓорѓе Давид. Зошто го одбра токму него и како е кога во прво лице остваруваш секојдневна комуникација со балканска ѕвезда од негов ранг? Што те советува?

- Пред се Ѓорѓе Давид е прекрасна личност, и за кратко време остваривме една одлична релација. Станува збор за личност која е многу нормална, присебна и достапна во секој момент. Тој е најдобриот, најпосветениот ментор кој неуморно работи со нас натпреварувачите, го дава својот максимум да нè научи како да се однесуваме не само на сцена, туку генерално и во секојдневниот живот. Човек од кој може да се научи многу, и професионално и приватно. Неговите совети секогаш се добронамерни и секогаш се насочени како најдобро да се претставеме на сцената и нашите перформанси да останат забележани и наградени. Кога требаше да изберам метор и да донесам одлука, се двоумев меѓу Ѓорѓе и Марија, иако и двајцата ги почитувам, но во моментот сметав дека Ѓорѓе е тој што е поблиску до мојот сензибилитет, и рок музиката која секојдневно ја слушам.

 

Како изгледа процесот на подготовка за секој настап? Може ли да ни доловиш од адреналинот кој верувам дека е твојот постојан сопатник?

- Интересно прашање... Подготовката околку настапите е подолготрајна, и ако сакате да се поставите како вистински професионалец, бара да се посветите на секој сегмент од перформансот. Сето тоа го имам во предвид и со годините како растам и созревам на сцената, искуството ме учи како подобро и по професионално да се подготвам. Конкретно за ова шоу првиот чекор е изборот на песни за кругот што следува, кој го правиме заедно со мојот ментор кој ја има крајната одлуката околу тоа прашање. Потоа започнуваат сите останати и битни детали поврзани со сцената, пред се комплетниот стајлинг за кој веќе со години наназад се грижи нашиот етаблиран моден бренд ЕЛЕНА ЛУКА која е врвна во својот професионализам и ја имам комплетната доверба затоа што секогаш благодарение на нив сум одлично стилизирана на сцена. Па следуваат фризурата и шминката синхорнизирани со целосниот изглед, и на крај заокружување на сценскиот настап. Можеби звучи едноставно, но сепак бара време и вложување труд околу тоа. Среќна сум што имам еден прекрасен професионален тим кој стои позади мене и веќе неколку години ми ја дава поддршката.

Секогаш изгледаш светски на сцена, а што е уште позначајно твојот изглед секогаш е усогласен со песната, изведбата и целиот сценски концепт. ЕЛЕНА ЛУКА, нашиот етаблиран моден бренд стои зад тебе и посветено се грижи секогаш да оставиш и силен визуелен печат. Колку ти значи оваа поддршка?

- Во претходното прашање спомнав професионален тим... Токму тоа сакав и да кажам, модната куќа ЕЛЕНА ЛУКА со години ме поддржува несебично, особено ако се има предвид колку сцената е комплицирана и бара навистина професионален пристап за крајниот резултат да биде совршен. А со ЕЛЕНА ЛУКА секогаш го имам префектниот стајлинг. Веривајте тоа растеретување е оф огромно значење за секој што ќе застане на сцена. Многу ми значи нивната поддршка, особено и тоа што веќе ме знаат како личност и секогаш ме стилизираат во прекрасни дизајнерски уникатни парчиња во кои се чувствувам сигурно, со полна самодоверба и уникатна на сцена.

 

Дефинирањето на сценскиот изглед не е едноставен процес. Потребна е вистинска умешност, па и уметност за да се постигне максималниот ефект. Бидејќи долго време соработуваш со ЕЛЕНА ЛУКА, која е формулата?

- Пред сѐ меѓусебна доверба, познавање и препознавање на професионалноста. Едноставно верувам во нив. Брендот ЕЛЕНА ЛУКА е бренд кој ме прави да се чуствувам сигурно и модерно на сцената.

Кој музички жанр е најблизок до твојот сензибилитет? Каде се чувствуваш најмногу своја?

- Во последно време слушам секаков вид квалитетна музика. иако најблиску до мојот сензибилитет е поп-рок музиката и во тој жанр се чувствувам најмногу своја.

 

Студентка си на медицина. Како успеваш да ги споиш и да ги менаџираш двата света?

- Станува збор за професии кои ниту малку не се едноставни, бараат многу труд и вложување. Се трудам да постигнам и да одговорам на сите предизвици кои ги носи музиката и медицината, како два паралелни светови. Тие се две спротивни професии кои кога се комбинираат праваат да се чувствувам исполнето и уживам во тоа кога напредувам и во двете полиња. Јас така се чувствувам најпродуктивно, едноставно затоа што се пронаоѓам и во двете сфери, тоа сум јас во различни светови.

За што сонуваш? Каде целат твоите амбиции?

- Животот е тркало кое постојано се врти... Секако дека имам мои соништа за во иднина, делумно врзани со музиката, но и со медицината, но никој не знае што иднината ќе ни донесе. Ништо не се случува случајно и знам дека секој човек кој има поставено своја цел пред себе, ќе успее со многу труд и силна верба.

 

Објавено:
12 април 2023
object(stdClass)#483 (8) { ["nid"]=> string(5) "30130" ["ga_count"]=> string(4) "2613" ["ga_count_week"]=> string(1) "0" ["ga_count_day"]=> string(1) "0" ["ga_count_start_date"]=> string(10) "1436911200" ["ga_count_week_start_date"]=> string(10) "1690668000" ["ga_count_day_start_date"]=> string(10) "1691100000" ["fb_count"]=> string(1) "0" }
Прочитано:
2.613 пати