За соништата не постојат изговори – прва ревија на Анастасија поддржана од Елена Лука

Интервју со •
26 ноември 2014

Анастасија Чадо е пред се' сонувач, но истовремено и амбициозен студент на Факултетот за Арт и дизајн на Европскиот Универзитет, голем креативец и визионер. Иако боледува од церебрална парализа, за нејзините соништа не постојат изговори. Утревечер таа ќе ја има својата прва самостојна модна ревија поддржана од Елена Лука во рамките на настанот Бал на различности.

Нејзините креации ќе ги носат девет жени, еминентни имиња од различни општествени сфери, но пред се хумани луѓе. Овој период Анастасија голем дел од своето време поминуваше во ателјето на Елена Лука каде со полн ентузијазам заедно со креативниот тим на брендот ја создаваа колекцијата насловена „Вода“.

Ова беше убав повод да разговараме со Елена Пандева и Анастасија Чадо за нивното заедничко искуство во оставурвањето на еден младешки сон.

Модата и хуманоста секогаш се сплотени под името на Елена Лука. По втор пат ја поддржувате иницијативата на Бал на различности. Кој е мотивот?

-Мотиовт е секогаш ист. Како и првиот пат, но и како во многу други проекти, Елена Лука секогаш е вклучена со идејата да се биде хуман и да се помогне во рамките на можностите. Драго ми е што се случува континуитет во однос на Балот на различности, па овој пат сме уште поконцепирани благодарение на претходното искуство. Елена Лука со достоинство и со голема чест се вклучи во овој проект затоа што сакаме да им помогнеме на оние луѓе на кои им е најпотребна помош и едноставно сакаме да дадеме поддршка и да овозможиме да се случуваат убави нешта.

-Остваривте уште еден сон. Овој пат сонуваше Анастасија. Како и помогнавте во реализацијата на нејзината голема желба за прва самостојна ревија?

Анастасија е една прекрасна и амбициозна девојка која пред се’ многу го сака модниот дизајн, па и токму затоа и тоа го студира. Реално и буквално и' се ставивме на располагање во остварувањето на нејзиниот сон да се разлизира и практично како моден дизајнер. Заедно работевме на еден поголем проект – дизајниравме колекција која сепак не е мала и бараше искрено вложување од двете страни. Колекцијата се состои од девет модни парчиња кои ќе ги носат дами од различни општествени сфери во рамките на првата самостојна модна ревија на Анастасија. Заедно со дизајнерскиот тим и со мене лично, работевме со Анастасија во една прекрасна атмосфера. Анастасија секако беше вклучена во сите процеси,  со целата своја креативност и со своите  автентични идеи, меѓутоа ние помогнавме околу доработиките, разработката, во техничкиот дел, оперативниот момент, како сето тоа да изгледа на сцена... и мислам дека направивме една прекрасна колекција потпишана од Анастасија во соработка со Елена Лука. Јас лично сум пресреќна пред се' поради насмевката на Анастасија, многу искрена и многу чиста. Ова беше едно огромно заедничко  задоволство и прво вакво искуство.

-Сметате ли дека во ова демократско живеење се' уште е проблем да се биде различен?

-Дефинитивно. Не е битно каде живеете, но таму каде што сте различен секогаш имало проблем. Но, јас би рекла различноста или оригиналноста секогаш им припаѓа на најдобрите. Тоа се луѓе револуционери, пионери, луѓе кои понекогаш ја брануваат јавноста, носат свежи и уникатни идеи. Би рекла тоа се двигатели на општествата од различни аспекти. Колку тоа и да изгледа како проблем за широката јавност, сепак тоа се луѓе иноватори..

Ова не е прво модно искуство за Анастасија, иако е нејзина премиерна самостојна ревија. Минатата година нејзини модели беа дел од групната модна ревија на Европскиот Универзитет на Модниот викенд Скопје, а исто така изложила свој модел и во рамките на изложбата „Бели фалти“.

- Вие сте првото лице со Церебрална парлиза кое благодарение на својата љубов и амбиција ќе ја реализира првата самостојна модна ревија, подржана од Елена Лука. Како се  оставруваше Вашиот сон?

-Јас сум презадоволна од тоа како се развиваше целата подготовка на мојата прва колекција. Морам да признаам дека понекогаш имав и тешки моменти бидејќи сепак сум врзана и за обврските со факултетот, а истовремено требаше да бидам во тек и со целата реализација на колекцијата. Меѓутоа имав голема поддршка и од факултетот, и од организаторите од здружението „Дајте ни крилја“ и од Елена Лука, па на крај сите рокови беа запазени и се' е подготвено за утрешното претставување на колекцијата пред јавноста во рамките на Балот на различности. Скиците и идејата за тоа како сакав да изгледа оваа колекција беа мои, како и материјалите, но во целосната нивна реализација и во сите процеси од креирањето ми помогна Елена Лука, па бидејќи сум лице со посебни потреби тие ми помогнаа совршено да ја остварам мојата замисла. Покрај тоа, олеснителна околност е што имав многу голема поддршка и од професорката и мојот ментор Јана Манева-Чупоска која ќе носи и моја креација на ревијата.

 

-Која е темата на колекцијата?

Колекцијата е насловена „Вода“ и инспирацијата поттекнува од летото како годишно време кое го обожавам. Летото ме асоцира токму на вода, на слобода, лепршавост, па затоа и сината боја ќе доминира. Изработивме и долги и коктел тоалети кои во еден континуитет се поврзани со доминацијата на сината боја.

Оваа година , со поддршка од Министерството за култура на Реpублика Македонија и во соработка со Македонскиот народен театар, ”Дајте ни крилја” по вторпат го организира Балот на различности.  Мотото на овогодишниот Бал е  “Да ги споиме нашите светови” и овој пат ќе се одржи на сцената на Македонскиот народен театар.

-Да се сакаме и да бидеме луѓе пред се. Независно од нашата професија и од нашиот социјален статус, сите сме луѓе и единствено што ни преостанува е да бидеме поврзани затоа што само со многу љубов ќе имаме поголеми резултати на секое поле. Се надевам дека ќе имаме уште многу вакви проекти каде што ќе може да работиме заеднички и да покажеме дека сите сме луѓе, апелираше Елена.

 

Објавено:
26 ноември 2014
bool(false)