Оперски пејач

Живеам за да се остварам на големите сцени

Интервју со
Ева Живковска
6 октомври 2023

Ева Живковска е наша млада оперска пејачка со голем талент и светла иднина.

Таа неодамна се врати од Хрватска со позитивни импресии и наше задоволство ни раскажа за одличниот настап каде што пееше заедно со еминенти оперски имиња од Италија и регионот. Ева изгледаше светски во две ексклузивни креации на ЕЛЕНА ЛУКА во кои што ни позираше и пред нашиот објектив, стилизирана лично од г-ѓа Елена Пандева, генерален менаџер и сопственик на ЕЛЕНА ЛУКА.

Ева сигурно си сè уште под импресии и ги средуваш впечатоците од твојот настап. Дел од јавноста веќе имаше можност да те види и чуе и да биде восхитена од твојот талент. Кажи ни што всушност се случуваше во Хрватска?

Пред сè би сакала да ви се заблагодарам на поканата и за подршката која ми ја дадовте сето ова време додека бев таму. За мене концертот под отворено небо во Хрватска претставуваше едно огромно искуство како млада пејачка. Настанот се одржа во Aqua Iasae, односно Стариот римски храм во градот Вараждин. Моите импресии од самата организација пред сè, пеењето под отворено небо и до минерална вода која има шеесет степени и до тоа да се дели сцената со еминентните имиња претставуваше еден голем чекор понапред до остварување на мене како личност професионално.

Првиот ден настапи пијанистот воедно и организаторот со својот извонреден рецитал Џанфранко Папалардо Фиумара, следниот ден се одржа нашиот концерт кој беше отворен од страна на италијанскиот баритон Алесио Кваресима Ескобар, потоа на сцената се појавив јас со црната грациозна креација од ЕЛЕНА ЛУКА во изведба на арија oд Giacomo Puccini- Signore ascolta. Секако тука беа и дуетот и трите квартета за бис во кои што публиката имаше прилика да ме види во другата елегантна креација. Позитивно сум воодушевена и изненадена од големиот број на публика која беше присутна.


Од каде се роди желбата токму за оперско пеење?

Имав петнаесет години кога започнав да пеам опера. Мојот пат е несекојдневен... кога имав шест години започнав да свирам на пијано по иницијатива на мојата мајка која ја препознала музикалноста во мене. Не потекнувам од музичка фамилија па сè што учев и правев беше ново за мене и мојата фамилија. Не можам да кажам дека пеењето во мојот живот дојде случајно бидејќи верувам во тоа дека не постојат случајни работи.

Започнав да учам пеење во средното музичко училиште "Илија Николовски Луј" и мојата прва професорка Светлана Донковска која е извонреден пред се педагог и уметник успеа во мене да ја разбуди страста за операта. Тогаш се роди една толку искрена и силна љубов за пеењето и за операта што помнам дека останував на часовите на сите ученици за да учам од секого по нешто. 

Дали Ева има некоја посебна инспирација, личност на која што и се восхитува и ја смета за пример?

Мислам дека сите ние сме сме специјални на свој начин и исто така мислам дека секој човек се инспирира од нешто што е убаво и квалитетно, меѓусебно енергиите на луѓето прават совршен спој на инспирација едни со други. Лично јас, кога станува збор за пеењето и нивото на професионалност што сакам да го достигнам понатака, се восхитувам на мојата Маестра Красимира Стојанова. Таа не само што е со огромна светска кариера туку е и огромен професионалец и многу голем човек и јас сум многу среќна што сум нејзина ученичка.

За потребите на настапот во Хрватска соработуваше со нашиот моден бренд ЕЛЕНА ЛУКА. Како се одвиваше тоа?

Пред сè сакам да се заблагодарам на Г-ѓа Елена Пандева и нејзиниот прекрасен тим кој несебично одвои од своето време да се погрижи за мојот изглед. Таа е еден голем човек кој покрај сите ангажмани и обврски е поддршка на младите, талентирани луѓе. Г-ѓа Елена за мене направи многу, од шминка и фризура до фотосесија со custom made професионално изработени креации, со цел да ме поддржи мене и мојот талент, бидејќи како што знаете талентот и работата се на прво место, но без изгледот и промовирање луѓето не знаат што се крие зад една личност.

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by (elenaluka_official)

Во колку креации со потпис на брендот се појави на настапот и како беше сето тоа прифатено со оглед дека настапуваше пред еминентни имиња?

Во Хрватска носев две прекрасни гламурозни креации на ЕЛЕНА ЛУКА - црна и жолта тоалета, што морам да кажам дека беа направени за многу краток временски рок и изработени до перфекција. Со црниот фустан се појавив на почетокот на концертот и потоа сè до крајот бев со жолтата креација. Сите знаеме колку италијанците внимаваат на изгледот на сцена. На мое огромно задоволство, тие беа воодушевени од двете креаци, но посебно се заљубија во жолтата тоалета за која што рекоа дека сум како излезена од бајките.

Кои се најголемите предизвици во оваа професија?

Во оваа професија предизвиците се секогаш присутни и секогаш постојат, откажување од многу работи, недостаток на време, замор.. но љубовта е толку голема што јас имам прифатено да живеам таков не секојдневен живот полн со предизвици што ме движат напред.

Какви се можностите за оперските пејачи тука кај нас, наспроти оние во странство?

Земјите во светот се економски постабилни и културно повеќе издигнати кога станува збор за оперскиот свет и можностите таму. Во странство операта претставува место каде што одат луѓе вљубеници во класичната музика и гламурот. Таму за младите таленти се посветува многу внимание и се работи на тоа како да се биде професионалец пред сè, а после нивото на концерти и продукции во кои можат да имаат место.

Кога станува збор за можностите кај нас сутиацијата е малку поинаква. Македонија има многу талентирани млади пејачи кои немаат шанса да настапуваат тука, а според мене еден пејач мора да ја има поткрепа од својата земја, а потоа да се развива и во странство. Пеењето се учи на сцената, и лично мислам дека во нашата земја недостасуваат концерти, програми, продукции на опери за нас младите кои што сакаат да се занимаваат со оперско пеење. На тој начин младиот пејач ја учи вистината на оваа професија, а тоа е да пее и да глуми во исто време и сето тоа во живо.

Ева што е следно? Планирани ли се нови настапи, ќе ни откриеш ли нешто?

Секако имам многу нови понуди за надвор кои нема да откривам се додека не бидат официјални. Исто така можам да кажам дека планирам да направам еден рецитал кај нас кој веќе долго време го планирам и секако и за тоа ќе бидете вие први известени.

Оперското пеење е твојата страст што те води во животот. Што друго ја исполнува Ева?

Оперското пеење за мене претставува живот, тоа е мојата прва љубов и живеам за да се остварам на големите сцени. Ме исполнува се поврзано со класичната музика и сè што е поврзано со секаков вид уметност.

Каде се замислуваш за 10 години? Што е твојот животен сон?

За 10 години се замислувам на големите сцени, со прекрасните креации на ЕЛЕНА ЛУКА, мојот животен сон е да се остварам како голем професионалец во оперскиот свет.

Објавено:
6 октомври 2023
object(stdClass)#528 (8) { ["nid"]=> string(5) "31003" ["ga_count"]=> string(1) "0" ["ga_count_week"]=> string(1) "0" ["ga_count_day"]=> string(1) "0" ["ga_count_start_date"]=> string(1) "0" ["ga_count_week_start_date"]=> string(1) "0" ["ga_count_day_start_date"]=> string(1) "0" ["fb_count"]=> string(1) "0" }