Стинг ќе одржи концерт во Загреб

23 ноември 2023

Еден од најголемите изведувачи на сите времиња, Стинг, доаѓа во Загреб.

Добитникот на 17 Греми награди ќе одржи посебен концерт во рамки на својата светска турнеја во загрепската Арена на 27 мај следната година.

На сцената на музичарот ќе му се придружи и неговиот рок бенд со којшто заедно ќе ги изведат најголемите хитови од неговата кариера како дел од бендот The Police, но и како соло артист.

Стинг на концертот меѓу другото ќе ги испее неговите култни класици Fields of Gold, Roxanne, Every Breath You Take, Message in a Bottle...

За неговите последни настапи британскиот магазин The Times пиша дека се ремек дело, а Стинг го нарекува вешт уметник.

The Telegraph ги карактеризира како ретко музичко уживање, а за The Guardian возвишената поп алхемија на музичарот е неспоредлива.

Картите можат да се купат online на www.eventim.hr. додека сите останати информации за тунерјата на Стинг можат да се најдат на неговата веб страна www.sting.com.

Влезниците се во продажба од утре, 24 ноември.

Објавено:
23 ноември 2023
Категорија: 
Култура